BELUPO Лупоцет трио, 10 кесички

Belupo Lupocet Trio
BELUPO Лупоцет трио, 10 кесички
400,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
056012C
favorite_border

Опис на производот

Лупоцет Трио 1000 мг/200 мг/12,2 мг прашокот за перорален раствор е лек што се користи за краткорочно ублажување на симптомите на настинка, треска и грип. Овие симптоми вклучуваат блага до умерена болка, температура, назална конгестија (затнат нос) и продуктивна кашлица.

Лупоцет Трио содржи три активни супстанции:

  • ­Парацетамолот е лек против болка (аналгетик) и зголемена температура (ја намалува температурата кога имате температура)
  • ­Фенилефрин хлоридот е деконгестив на слузницата во носот. Помага при затнат нос и овозможува полесно дишење така што го намалува отокот на носните патишта
  • ­Гваифензинот е експекторанс кој ја раствора слузта (шлајмот) и на тој начин ја ублажува влажната, продуктивна кашлица

Лупоцет Трио прашокот за перорален раствор не се користи кај возрасни, постари пациенти и адолесценти на возраст од 16 години и постари, чија телесна тежина е помала од 50 кг.

Пакување: 10 поединечни дозни кесички.

Содржина

Состав: Секоја поединечна кесичка содржи 1000 мг парацетамол, 200 мг гваифенезин и 12,2 мг фенилефрин хидрохлорид (што одговара на 10 мг фенилефрин база).

Дозирање: 
Препорачана доза за возрасни, постари пациенти и адолесценти на возраст од 16 години и постари чија телесна тежина е 50 кг или повеќе:

  • Земете 1 кесичка на секои 4 до 6 часа, по потреба
  • Вкупната дневна доза не смее да надмине 3 кесички во текот на 24 часа (1 кесичка 3 пати на ден)
  • Минимален интервал на дозирање: 4 часа.

Времетраењето на терапијата не треба да биде подолго од 3 дена.

Начин на употреба:
За употреба преку уста. Растворете ја содржината на една кесичка во чаша топла, но не зовриена вода (250 мл). Мешајте додека не се раствори. Почекајте растворот да се излади, но пијте го додека е уште топол. По растворањето, течноста станува опалесцентен жолт раствор со карактеристичен мирис на цитрус/ментол, без видливи честички.

Мерки на претпазливост: 

Препорачаната доза не смее да се надмине. Да се чува на температура под 30°C. Да се чува надвор од дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се