GOOD NATURE Грчко семе 100 г

GOOD NATURE Грчко семе 100 г
112,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
023054C
favorite_border

Опис на производот

Грчкото семе може да се употребува надворешно како катаплазма за чиреви, отоци, отворени рани, отоци на жлезди, опекотини и сл. Често пати, се препорачува како замена за рибино масло, бидејќи содржи органски врзан фосфор, лецитин и нуклеоалбумин. Поради присуството на сапонозидите, наоѓа примена и како експекторанс при заболувања на дишните патишта што се придружени со продуктивна кашлица и отежнато исфрлање на секрет.

Тоа е ценето средство и се применува за јакнење на организмот бидејќи го подобрува апетитот, бројот на црвените крвни зрнца, го олеснува варењето на храната и искористувањето на белковините, а го намалува губењето на фосфорот и на калциумот. Поради тоа се употребува за подобрување на симптомите на рахитис, шеќерна болест, остеомиелитис, при изнемоштеност и др.

Се користи и за стимулирање на лактација. Билната мешавина којашто се препорачува за мајките доилки содржи грчко семе, мајчина душица, лист од маточина, ким и анасон. Сите состојки од оваа мешавина се безбедни по здравјето на мајката и на доенчето и помагаат во стимулирање на излачување на мајчино млеко. Билките во оваа чајна мешавина имаат галактогогно, антибактериско, антиоксидативно и спазмолитично дејство и помагаат за поттикнување и за зголемување на излачување на мајчиното млеко на природен начин. Воедно, тие го подобруваат варењето на храната на доенчето и го олеснуваат отстранувањето на гасови, а на тој начин се избегнуваат грчевите.

Билната мешавина којашто во својот состав содржи лист од мечкино грозје, лист од бреза, коњско опавче, килавица, корен од гавез, коса од пченка, грчко семе, врболика и корен од коприва помага за подобрување на симптоми од воспаление на простата. Оваа мешавина поволно делува кај пациентите со хроничен простатит, бактериски простатит и потешкотии при мокрење.

Грчкото семе во комбинација со други билки коишто го намалуваат нивото на шеќер во крвта, како лист од боровинка, мешунки од грав и други се препорачува кај дијабетичари, по претходна консултација со лекар.

Нето-тежина: 100 г

Едногодишна зелјеста билка, висока половина метар. Има три овални листови со переста нерватура. Цветовите се бело жолтеникави, поединечни или по два заедно. Цвета од април до јуни. Активен дел од растението е зрелото семе (Foeni graeci semen). Семето е четиристрано, призместо, малку сплоснато, тврдо, голо и сивоцрвенкасто. Со дијагонална бразда семето е поделено на два нееднакви дела. Во вода набабрува и под притисок цврстата лушпа пука. Има карактеристичен и јак мирис, којшто особено се чувствува кога семето се меле во прав, и има горчлив и слузест вкус.

Содржи слузи, протеини, сапонини, масни масла, физиолошки инактивни алкалоиди тригонелин и холин, етерно масло со темна боја и јак мирис, сапонини, танини, никотинска киселина (витамин PP), фитони, фитостероли, смоли со горчлив вкус, кумарин, хелбин, органски врзан фосфор, железо, калиум и други корисни состојки. Протеинските материи од грчкото семе содржат многу нуклеоптротеиди, глобулин и албумини. Масните материи се состојат од глицериди на незаситени масни киселини (линолна, линолеинска и олеинска киселина), има и лецитин и фитостерол. Сапонозидите се стероидни и со хидролиза даваат диосгенол, а слузта со хидролиза дава маноза и галактоза.

Содржина

Употреба: една супена лажица од содржината во кесичката се прелива со 250 мл вода и се остава да врие 5-10 минути во покриен сад со повремено промешување. По отстојување уште 10 минути се процедува. Свежо приготвениот чај се пие пред оброк или по препорака, засладен по желба.

Грчкото семе во комбинација со лист од нане, подбел, бел слез и црн слез се препорачува за уредување на течна столица. Чајот подготвен од оваа мешавина се пие неколку пати во текот на денот, наместо вода.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се