МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Лојална картичка

lojalna1  лојална2

Како до ЗЕГИН лојална картичка?

Зегин лојалната картичка можете ја добиете во сите аптеки на Зегин, и во поликлиниката Зегин Медика.

Картичката има неограничен рок на употреба.

Заедно со картичката добивате формулар за пополнување на Вашите податоци. Пополнетиот формулар го оставате во аптеките со цел да се внесат Вашите податоци во нашата база на корисници. Секогаш кога ќе дојдете на каса Ве молиме да им ја прикажете Вашата Зегин лојална картичка на вработените за да бидете уредно регистрирани на каса.

Доколку правите онлајн нарачка, внесете го бројот на Вашата лојална картичка во соодветното поле при регистрацијата, или ако сте веќе регистриран корисник на веб страната, а не сте го внеле претходно бројот на картичката, тоа може да го направите дополнително во полето ПРОМЕНИ кое се наоѓа во делот МОЈАТА СМЕТКА. 

НАПОМЕНА: Бисерите ќе почнат да ви се бројат откако ќе го внесете бројот на вашата лојална картичка. За точноста на бројот на картичката сте одговорни исклучиво Вие. Доколку бројот е погрешно напишан, бисерите од нарачките нема да ви се пресметуваат.

Секоја Зегин картичка има единствен регистарски број.
Доколку биде оштетена или изгубена, истата не може да се замени, но можете да добиете
нова лојална картичка.

Поволности од користењето на Зегин лојалната картичка

Со Зегин картичката нашите купувачи добиваат шанса да добијат гратис производи. Каталогот со производи од програмата за лојалност може да го погледнете на следниот линк

Кога и како се собираат БИСЕРИТЕ?

За секој купен производ (освен лекови) добивате бисери. Собраните бисери можете да ги користите веќе од наредниот ден по Вашето прво купување или до крајот на тековната година. После секој период, неискористените бисери се бришат од вашата Зегин картичка и почнува нов период на собирање бисери.

Доколку сакате да се информирате за вкупниот износ на собраните поени - тоа можете да го направите на која било каса во нашите аптеки.

Побрзајте и искористете ги бисерите по Ваша желба. Ве очекуваме.