NeilMed Аспиратор за нос

Neil Med Baby Nasal Oral Aspirator aspirator za nos za bebinja
NeilMed Аспиратор за нос
650,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
055567C
favorite_border

Опис на производот

NeilMed Аспиратор за нос кој го помага:

  • Дишењето
  • Хранењето
  • Спиењето

Карактеристики:

  • Може да се стерилизира повеќе пати
  • Погодно за бебиња и мали деца
  • Намален ризик од контаминација
  • Се разложува на делчиња кои се лесни за чистење
  • Променливи филтери
  • Транспарентен дизајн
  • Без БПА, латекс или фталати
  • Направено од медицински силикон
  • Погоден за перење во машина за садови но така не може темелно да се очистат најтесните делови од аспираторот

Пакување: 1 аспиратор, 49 филтери и кутија.

Содржина

Како се користи NeilMed® аспираторот?

  1. Ставете го бебето во седечка или полуседечка положба
  2. Силиконскиот врв поставете го на ноздрата на бебето и повлечете го воздухот преку горниот (портокалов) отвор на цевчето, кој всушност функционира како вентил во еден правец-не дозволува да дувате во носот на бебето. Постапката можете да ја повторувате според потребите и во двете ноздри
  3. Доколку секретот е густ, пред да ја почнете постапката на аспирирање на секретот препорачливо е  да ставите Probotalife® неколку капки или спреј за нос со диво оригано во двете ноздри
  4. Чистење

Постапката на чистење е едноставна и се повторува после секоја употреба: промијте го аспираторот со средство за миење садови или течен сапун, исплакнете го добро со млаз топла вода и оставете го да се исуши. По потреба заменете го хигиенскиот филтер доколку не е чист и секако по завршувањето на определена акутна инфекција. Не се обидувајте да го стерилизирате или повторно употребувате филтерот доколку не е очистен од мукус од носот. 

За дезинфекција може да се користат следниве методи:

  • Вриење-се ставаат сите компоненти (освен филтерот) во вода што врие во времетраење  од  5 минути. Откако водата ќе се излади, се вадат сите компоненти и се сушат (може да се избришат со крпа која не пушта влакненца)
  • Дезинфекција во микробранова печка-исчистените делови со сапун или средство за садови, доста исушени, се ставаат во микробранова печка во времетраење од 45 секунди
  • Хемиска дезинфекција-доколку практикувате хемиски таблети или раствори за дезинфекција на бебешки шишиња, може да се користат истите и за дезинфекција на назалниот аспиратор

Предупредување: Овој производ не е играчка. Чувајте го на место недостапно за деца
 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се