STREPSILS Ментол и еукалиптус, 24 пастили
Опис на производот
Пастилите Стрепсилс ментол и еукалиптус содржат две антисептични состојки кои се користат за третман на грло. Наменети се за симптоматско олеснување при инфекции на уста и грло.
- Производот е наменет за возрасни, деца над 6 годишна возраст и постари лица
Активните состојки се благи антисептици кои ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат инфекции на устата и грлото.
Се употребуваат на тој начин што се остава пастилата полека да се растопи во устата со што се овозможува постојано и директно делување на активните состојки во засегнатата регија и истовремено помага во навлажнување и омекнување на болното место.
Ова помага во ослободување од болката и непријатноста при инфекции на устата и грлото.
- Стрепсилс ментол и еукалиптус пастилите содржат и ментол кој делува благо анестетично на грлото и ги ублажува симптомите на назалната конгестија (помага во отпушување на носот)
Пакување: 24 пастили.
Содржина
Состав:
Состојки | 1 пастила |
2.4-Dichlorobenzyl alcohol | 1.2 мг |
Amylmetacresol | 0.6 мг |
Levomenthol EP | 8.0 мг |
Помошни супстанции: течна сахароза, течна глукоза, винска киселина, масло од еукалиптус, боја Indigo carmine (E 132).
Употреба: за перорална употреба. Возрасни, деца постари од 6 години и постари лица се препорачува по една (1) пастила на секои 2 до 3 часа. Оставете ја пастилата во устата да се растопи полека. Да не се земаат повеќе од 12 пастили во тек на 24 часа. Ако симптомите перзистираат повеќе од 3 дена или ако нешто невообичаено се случи Ве молиме да се консултирате со Вашиот лекар.
Предупредување: да не се надминува препорачаната доза. Немојте да го употребувате Стрепсилс кај деца под 6 годишна возраст, ако сте алергични (пречуствителни) на активните состојки или на било која друга состојка на лекот, ако сте нетолерантни на одредени шеќери, како што се фруктоза, глукоза-галактоза и сахароза-изомалтоза која е потврдена од страна на Вашиот лекар. Интолеранцијата се јавува како резултат на недостиг на ензими фруктоза-I-фосфат алдолаза (интолеранција на фруктоза), глукозна-галактозна малапсорпција и недостиг на сахароза-изомалтаза.
Ве молиме информирајте го Вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Не се препорачува употреба на овој лек ако сте бремени или мислите дека сте бремени и ако доите. Ако имате впечаток дека ефектот на Стрепсилс е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт, пред да земете било каков лек.
Ако сте земале поголема доза отколку што треба може да се јават стомачни потешкотии, престанете со земање на лекот и конултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Ако сте заборавиле да го земете лекот, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Продолжете со нормална употреба на лекот.
Овој производ содржи изомалт и малтитол кои може да имаат лаксативен ефект.
Да се чува на температура до 25°C.