МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар

Политика на приватност

Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, како и потрошувачите и корисниците на нашите услуги и продукти.

ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Зегин ДОО,  Скопје со седиште на ул. Народен Фронт бр.5-3/1, како сопственик на домеинот, zegin.com.mk е заеднички контролор заедно со други компании во Зегин групацијата (МОЈА АПТЕКА Скопје, ЗЕГИН ФАРМ Скопје,  Фондација Др. Верица Механџиска, ЗЕГИН МЕДИКА ДООЕЛ Скопје, ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД Скопје) до кои може да бидат доставени вашите лични податоци, а со цел да се реализира односот со Вас и да одговориме на Вашите барања.

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци (во понатамошниот текст Корисник) е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст "Политика").

Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.

Доколку имате прашања во врска со точките што се опфатени со оваа Политика, слободно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Марија Пешевска-Станишиќ на следниот e-mail: marija.stanisic@zegin.com.mk.

Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?

Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.zegin.com.mk, потенцијални потрошувачи и
  • Потрошувачи, корисници на услуги и продукти.

 

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ПРИБИРАМЕ ?

Податоци за идентификација: име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса за достава.

Податоци за корисничкиот профил: корисничко име и лозинка, направени нарачки, податоци за нарачката, преференци.

Податоци од посета на веб страницата: информации за веб-страници на веб-сајтот кои ги посетил корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на zegin веб-сајтот, веб- сајтови кои Корисникот ги посетил преку линкови кои се презентирани на zegin веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на корисникот/ ИП адреса од уредот-компјутерот/таблет/телефон од каде се прави порачката, тип на интернет прелистувачот што го користи корисникот, клучни зборови кои ги користи, корисникот при пребарување на zegin директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на zegin веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на zegin веб-сајтот.

Податоци од финансиска природа: Ние може да имаме пристап до информациите за наплата, како на пример, пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката, идентификациски број на нарачката.

Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (НЛБ Тутунска Банка), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.

При спроведување на нарачките, кога ќе ги внесете Вашите лични податоци, авторизацискиот процес на виртуелниот ПОС терминал се префрла на портал на процесинг центарот на НЛБ Банка, каде Вие ги внесувате потребните податоци за картичката: име и презиме на корисникот на картичката, број на картичката, сигурносен код и дата на истекување на картичката, со цел спроведување на авторизирање на трансакцијата.

Вашите лични податоци ние ги обработуваме во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Личните податоци се собираат директно од вас, кога се регистрирате како корисник, кога рализирате нарачки, кога се согласувате за добивање на маректинг понуди (newsletter), преку Вашето користење на нашата веб страна, преку нашиот email: zeginonline@zegin.com.mk  или кога на друг начин комуницирате со нас.

 

ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • Да одговориме на прашања во врска со нашите производи и услуги, други барања, предлози, поплаки
  • Реализација на нарачката, платежните трансакции, доставување на продуктите, враќање на продуктот и средствата, решавање на поплаки на сигурен и ефективен начин.
  • Податоци за нарачката и плаќањата може да се користат за маркетинг и бизнис развој, анализа, детектирање на измами и кражби во врска со онлајн продажбата согласно законските прописи.
  • Доставување на директни маркетинг понуди, информации за попусти, преку емаил и текст пораки, телефон или преку пошта.
  • За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство, персонализирани маркетинг пораки и промоции кои се резултат на алгоритамска анализа и предвидување на преференци, интереси и однесувања.
  • За истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги.  За оваа цел може да користиме Google Analytics. Зегин може да ги обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата.

ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:

  • Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, на пример:
  1. Вие може да добиете маркетинг комуникација од наша страна. Ние може да ги користиме Вашите податоци за идентификација, контакт, преференци и кориснички профил за да дознаеме кои продукти, услуги и маркетинг промоции би биле од Ваш интерес, единствено по дадена согласност од Ваша страна. Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста преку понудена опција секогаш кога добивате маркетинг понуди преку емеил. Дополнително, за повлекување на согласноста за маркетинг понуди, можете да ни доставите информација на следниот  е-маил: zeginonline@zegin.com.mk, или  контактирајте го нашиот Офицер за заштита на лични податоци.
  2. Може да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена.
  • Исполнување на договор – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ или услуга (на пример, сакате да купите производ и ние можеме да управуваме со логистиката поврзана со тоа).
  • Нашите легитимни интереси – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:
  1. Може да ги користиме Вашите лични податоци за да можеме да го процесираме секое Ваше плаќање кога купувате некој од нашите производи/или услуги (вклучувајќи ја и проверката дека Вашата исплата е ослободена од измама или друга сомнителна активност).
  2. Може да ги користиме Вашите лични податоци за да се осигураме дека нашите (веб-страници/апликации) функционираат соодветно и се безбедни и сигурни.
  3. Да одговориме на вашите прашања и барања.
  4. Остварување на било какви правни барања или за статистички цели.
  • За да почитуваме одредена законска обврска – Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши правни причини (на пример, кога купувате одреден производ, ние треба да ги чуваме Вашите информации за трансакцијата за да се усогласат со нашите обврски за даночно и финансиско известување).

КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?

Прво сакаме да нагласиме и да бидеме јасни дека ние не ги продаваме Вашите лични податоци. Ние можеме да ги споделиме Вашите лични податоци во рамки на групацијата на ЗЕГИН ако тоа е потребно за исполнување на погоренаведените цели, а врз основа на склучен договор во кој се меѓусебно регулирани нашите законски обврски и одговорности во врска со заштитата на личните податоци.

Пристапот секогаш ќе се контролира врз основа на need-to-know basis, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги или за да ни дозволите да ги извршуваме сите неопходни или легитимни функции. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.

Вашите лични податоци исто така може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни).

Ние се потпираме на доверливи трети страни за извршување на низа деловни операции во наше име. Ние им ги доставуваме само потребните информации за извршување на услугата и бараме тие да не ги користат Вашите лични податоци за која било друга цел. Ние секогаш правиме најдобри напори за да се осигураме дека сите трети страни со кои работиме ќе ги чуваат Вашите лични податоци безбедни. На пример, можеме да им довериме услуги што бараат обработка на Вашите лични податоци на:

  • Агенции за рекламирање, маркетинг, дигитални и социјални медиуми за да ни помогнат да спроведеме рекламирање, маркетинг и кампањи, да ја анализираме нивната ефикасност и да управуваме со вашите контакти, прашања и нашата врска;
  • Трети страни кои треба да Ви достават производ на пр. услуги за достава;
  • Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации;
  • Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со релизација на нарачката и плаќањето;
  • Независни трети страни, електрокомуникациски оператори, компании за поштенски услуги, маркетинг партнери како и надлежни инстутуции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.

Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци нема да се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор.

КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?

Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски. За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:

  • Целта поради која ги држиме Вашите лични податоци;
  • Нашите законски и регулаторни обврски поврзани со тие лични податоци, на пример обврски кои произлегуваат од финансиското работење и поднесување финансиски извештаи;
  • Ако нашиот однос со Вас е актуелен, односно активен, на пример ако Вие имате активен кориснички профил на нашата веб страница, ако продолжувате да добивате маркетинг комуникации или ако редовно пребарувате или купувате производи преку нашата веб страница;
  • Ако Вие повеќе не ги нарачувате нашите производи, на пример, ако не сакате да ги добивате нашите email-ови, ако не ја посетувате нашата веб страница;
  • Секое конкретно барање од Ваша страна во врска со бришењето на Вашите лични податоци и
  • Нашите легитимни деловни интереси во врска со управувањето со нашите сопствени права, на пример, одбрана на какви било правни побарувања или за статистички цели.

Ние особено задржуваме одредени лични податоци за следните периоди:

  • Кога купувате производи и услуги, ние ги чуваме Вашите лични податоци за времетраењето на нашата договорна врска;
  • Кога сте се согласиле да добивате маркетинг комуникација, ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вие: (i) не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг комуникација; или (ii)  по извесен период на неактивност (т.е кога не сте комуницирале со нас одреден временски период).
  • Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија).

Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.

ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

  • Право да бидете информирани за обработката на вашите личните податоци
  • Право на пристап до личните податоци и нивна копија
  • Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивна обработка е исполнета
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за време кое е потребно да се провериме нивната точност, обработката е незаконска но се спротиставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни остварување на  ваши правни барања, се спротиставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над вашите интереси како субјект на лични податоци
  • Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг.
  • Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а  кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или ваша согласност.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Марија Пешевска-Станишиќ на следниот e-mail: marija.stanisic@zegin.com.mk.

КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗАДОЛЖНИТЕЛНИ, А КОИ ОПЦИОНАЛНИ?

Податоците кои се неопходни за реализација  на нарачките и платежните операции се задолжителни, во спротивно нема да може да се изврши нарачката.

АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ОДЛУЧУВАЊЕ, ПРОФИЛИРАЊЕ

Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купувањe. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да ви дадеме одредена понуда за одредени производи.

Доколку имате било какви прашања во врска со автоматското донесување на одлуки, можете слободно да не контактирате преку податоците за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.

ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на вашите лични податоци доколку сметате дека ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.