PHARMANOVA Магнезиум 300 директ, 20 кесички
Опис на производот
Магнезиум 300 Директ се препорачува:
- За надомест на магнезиум кај зголемени потреби на организмот
- Како придонес во намалување на заморот
- За нормалното функционирање на нервниот систем
Магнезиумот е минерал неопходен за одржување на доброто здравје на човековиот организам, потребен на срцето, нервите и мускулите.
Учествува во активирање на повеќе од триста ензими, кои овозможуваат нормално одвивање на метаболичките процеси во организмот. Со оглед на тоа што нашиот организам не е во можност самиот да произведува магнезиум, неопходно е негово внесување по пат на храна.
Недостигот на магнезиум се манифестира со зголемена склоност на стрес, намалена способност за поднесување на оптоварувања и послаб имунитет.
Пакување: 20 кесички
Содржина
Дозирање:
Дневните потреби за внес на магнезиум кај возрасни и деца над 12 години се од 300 до 400 мг (препорака на германскo Здружение за исхрана).
Употребата на прехранбени производи сиромашни со магнезиум, едноличната исхрана, стресот, спортските активности проследени со зголемено потење и голем физички напор, прекумерното земање на алкохол или хроничните болести во поодмината возраст, можат да доведат до недостиг на магнезиум во организмот.