Пулс оксиметар P-01

Опис на производот
Фингер пулс оксиметарот е портабилен, медициски уред за мерење на кислородна сатурација на крвта, и пулсот користејќи го прстот.
Уредот работи и ја определува заситеноста на крвта со кислород, со помош на инфрацрвени зраци. Неговото користење е апсолутно безбедно и безболно.
Кислородната сатурација овозможува проценка на ефикасноста на транспортот на кислород, во прв ред преку дишењето. Таа е важен параметар во проценката на респираторната функција.
Содржина
- Мерењето се одвива на прстот со употреба на фотометричен сензор вграден во штипката за прст
- Самостојно прилагодување на стегачот на прстот со помош на едноставен дизајн на копче
- Мал, лесен и пренослив
- За домашна употреба или за спортски проверки, наменет исклучиво за дополнителна контрола на состојбата на пациентот. Тој треба да се користи во комбинација со други методи за клиничко испитување и анализа на симптомите.
- Заситеноста со кислород (SpO2) е мерење на тоа колку кислород носи вашата крв како процент од максимумот што може да го носи. За здрава индивидуа, нормалниот SpO2 треба да биде помеѓу 95% до 99%.
- Автоматско исклучување батеријата за 5 секунди кога прстот не е поставен на мерачот
- Работи на 2 ААА батерии. Батериите не се вклучени во пакетот.
- Избегнувајте изложување на директна сончева светлина
- Бидете внимателни во текот на мерењето, апаратот треба да биде во мирување
Материјал: пластика
Мислења на потрошувачи
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се
/ Најави се