REPLEK Реконазол шампон, 120 мл
Опис на производот
Replek Реконазол шампон.
- Rekonazol шампонот содржи кетоконазол
- Кетоконазол припаѓа на групата на лекови таканаречени антимикотици
- Како и другите шампони, исто така и овој шампон содржи состојки за миење на Вашата коса
- Шампонот се употребува за лекување на габични инфекции на скалпот и телото, како што се:
- Првут
- Суво или масно лупење на скалпот или други делови на телото наречено себороичен дерматитис
- Бели до кафеави флеки на телото, кои понекогаш се појавуваат после изложеност на сонце, наречени тинеа версиколор или питриасис версиколор
Овие состојби може да бидат проследени со чешање. Предизвикани се од габички наречени Маласезија. Овие габички се наоѓаат на кожата на секого, меѓутоа понекогаш може да се намножат и да предизвикаат проблеми.
- Шампонот делува така што ги убива габите кои предизвикуваат инфекција и го спречува нивното повторно јавување
Пакување: 120 мл.
Содржина
Состав: активна супстанција: кетоконазол.
Помошни супстанции: хлороводородна киселина, натриум хлорид, натриум лаурет сулфат, динатриум лаурет сулфосукцинат, кокамид диетиламид, лаурдимониум хидроксипропил хидролизиран колаген, имидуреа, макрогол 120 метил глукоза диолеат, натриум хидроксид, боја еритрозин Е 127, вода пречистена.
Употреба: секогаш употребувајте го лекот онака како што Ви кажал Вашиот лекар. Шампонот е наменет само за употреба на коса и кожа. Доколку не сте сигурни, проверете со Вашиот лекар или фармацевт.
Препорачана доза е:
1. При појава на првут или суво или масно лупење на кожата:
- Почнете со употреба на шампонот два пати неделно
- Шампонот треба да го нанесувате секои 3 или 4 дена, во период од 2 до 4 недели
- Потоа, шампонот треба да го нанесувате еднаш на секои 1 до 2 недели, за да се спречи повторно јавување на симптомите
- Не го употребувајте шампонот почесто отколку што Ви кажал вашиот лекар
2. При појава на бели до кафеави флеки на кожата
- Шампонот треба да го нанесувате на флеките на кожата, еднаш на ден, до најмногу 5 дена
- Не го употребувајте шампонот почесто отколку што Ви кажал вашиот лекар
Употреба за двете подточки: нанесете го шампонот на косата или зафатените делови на кожата. Оставете го 3 до 5 минути. Шампонот измијте го темелно. Ако шампонот дојде во контакт со очите, нежно исплакнете ги очите со ладна вода.
Употреба на обичен шампон: ако помеѓу третманите со Реконазол шампонот косата треба да се измие, употребете обичен шампон. Ако Вашата коса е многу густа и долга, може да ја измиете со обичен шампон, а потоа употребете Реконазол шампон.
Предупредување: ако имате впечаток дека ефектот на Реконазол е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте голтнале од Реконазол шампонот, веднаш разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте испуштиле или заборавиле да го употребите шампонот, употребете го веднаш штом се сетите. Не го употребувајте шампонот два пати за да надоместите за пропуштениот третман. Немојте да го употребувате шампонот: ако сте алергични (преосетливи) на кетоконазол или на било која друга состојка на лекот. Ако на косата употребувате лосион или крем кој содржи кортикостероиди, како што е бетаметазон или хидрокортизон: треба да нанесувате се помалку и помалку од лосионот или кремот, за време на првите 2 до 3 недели од третманот со Реконазол шампонот.
Начин на чување: да се чува на температура до 25°C. Лекот чувајте го на места недостапни за деца.