OMISAN Календувис капки за очи, 15 мл
Опис на производот
Omisan CalenduVis Eye Drops Капки за очи.
- Медицинско средство
- Стерилен, хидратантен, смирувачки и омекнувачки офталмолошки раствор, наменет при состојби на црвени и иритирани очи
- Биокомпатибилен производ со течен екстракт од невен
- Благодарение на неутралната pH на производот и присуството на специфични компоненти, помага во обновување на природниот физиолошки баланс на окото, при што се добива пријатно чувство на свежина и олеснување
- Може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи
- Не содржи безалкониум хлорид, хлорхексидин или тимеросал
- Невенот (Calendula officinalis) е растение широко употребувано во традиционалната медицина при конјуктивитис и воспаление на око
- Неговите терапевтски карактеристики се резултат на присуството на бројни биолошки активни состојки како што се терпеноиди, флавоноиди, испарливи масла, кинони, амино киселини и каротеноиди
Индикации:
Чувство на печење, чешање на очите, како резултат на:
- Стрес од надворешната средина (климатизирани простории, сув и загаден воздух, висока амбиентална температура итн.)
- Визуелен стрес (прекумерна употреба на компјутер, слабо осветлување итн.)
- Механички стрес (пролонгирана употреба на контактни леќи)
- Состојби на иритација или хиперемија настанати не како резултат на пореметување, туку како резултат на дејство на надворешни фактори (конјуктивит, црвенило, чувство на присуство на туѓо тело итн.)
Пакување: 15 мл.
Содржина
Состав: Calendula officinalis (невен) течен екстракт, динатриум едетат, изотоничен бафер раствор pH 7.2.
Производот не содржи бензалкониум хлорид, хлорхексидин, парабени, феноксиетанол, тимеросал или состојки од животинско потекло.
Употреба:
Капнете по една или две во секое око, еднаш или повеќе пати во тек на денот, во тек на неколку дена или по потреба или како што ви кажал Вашиот очен лекар. Може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи: две или три капки, пред да ја ставите леќата или по ставањето.
Целната популација дефинирана за овие производи е корисници и носители на контактни леќи, без оглед на возраста и полот.
Производот да се користи само по третата година од животот.
Предупредување:
Ако дојде до појава на иритации, прекинете ја употребата на производот и веднаш контактирајте го Вашиот очен лекар. Да не се користи во случај на алергија или пречувствителност на која било состојка на производот. Да не се меша со било кои други производи. Производот не е наменет за пиење. Добро затворете го шишенцето по секоја употреба. Да се чува на места заштитени од извори на топлина. Да се чува на суво место на температура од 5°до 35°С. Да се чува на места недостапни за деца. Стерилно до првото отварање. Да се употребува до 90 дена по првото отварање. Не ја допирајте капалката до било каква површина, вклучително и очите. Да не се користи по истек на датумот на употреба. Да не се користи ако пакувањето е оштетено.