MARISOL Физиолошки капки за нос, 10 мл

Опис на производот
Капки за нос кои се наменети за лица кај кои е пореметена физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиена на носната шуплина.
Marisol капките ја враќаат природната влажност на слузокожата на носот, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина и сл.).
Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекции на горните дишни патишта.
Кога се користи Марисол капки?
- За секојдневна хигиена на носот
- Кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло
- Кај сува и надразнета слузокожа, чија нормална физиолошка функција е пореметена
- Кај лица склони кој сушење на слузокожата на дишните патишта, во тек на патувања и престој во простории со централно греење и клима уреди
- Непосредно пред употреба на капки за нос, како би се испрала носната шуплина и би се овозможил подобар контакт на лекот со носната слузокожа
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав:
- 1 мл капки содржи 9 мг натриум хлорид
- Растворувач: прочистена вода
- Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл
Употреба: во секоја ноздрва се капнуваат по 2-3 капки од растворот, се чека неколку секунди држејќи ја главата исправено.
Кај новороденчиња и деца се препорачува накапувањето на капките да биде во лежечка положба. Капките може да се користат по потреба, неколку пати дневно.