YSLAB Ocean Bio-Actif Pediatric Blocked Nose Спреј за нос за деца (1+ м), 100 мл
Опис на производот
YSLAB Ocean Bio-Actif Pediatric Blocked Nose Спреј за нос, медицинско средство, специјално дизаінирано за чистење и деконгестија на носните празнини на Вашето дете, при состојби на настинка и алергиски ринитис.
Децата помали од 3 години дишаат исклучително преку нос и не знаат сами да го издуваат носот. Ако вашето дете има настинка може да има и потешкотии со дишењето, спиењето и исхраната. За да му е поудобно, треба да му помогнете да се ослободи од насобраната слуз во носните патишта.
Иновативност
Ocean BIO-ACTIF Pediatric Blocked nose е нежен спреј наменет за ослободување од симптоми на назална конгестија. Помага во отстранување на насобраната слуз како и инфективните агенси и алергени. Врвот на назалниот продолжеток е специјално дизајниран да се прилагоди на бебешкото носе. Ергономскиот дизајн со заоблување штити од било каков ризик за повреда. Фината магла која се ослободува при прскање осигурува нежно чистење. Спреј технологијата дава заштита од контаминација во тек на употребата на производот.
100% природен и без конзерванси Blocked nose - формулација, ги комбинира препознатливите корисни ефекти од хипертоничен раствор на морска вода* и оптимална концентрација на минерални соли, заедно со динамичната испорака за подобра ефикасност и безбедност.
- За деца од 1 месец
- Деконгестив
- Поттикнува отстранување на слуз
- Прилагодлив назален продолжеток
- Нежна микро-дифузија
- 100% природен производ
- Го чисти носот и го олеснува дишењето
- Субтилната микро-дифузија гарантира нежно и безболно чистење
- Хнпертоничниот раствор на морска вода*, брзо ја чисти конгестираната носна празнина и ја регулира продукцијата на слуз
При состојби на настинка секојдневната употреба на спрејот го помага заздравувањето.
Пакување: 100 мл.
Производител: YSLAВ 2 rue Felix Le Dantec - 29000 Quimper Франција.
Содржина
Состав: Средно хипертоничен раствор на морска вода* (100%): раствор на морска вода која содржи минерали и елементи во траги природно присутни во морската вода (магнезиум, калциум, калиум, сулфур, хлориди, натриум).
Производот не содржи конзерванси.
*повисока концентрација на NaCl од концентрациите во хуманите клетки (15 г/л).
Потекло од морска вода: заштитена природна средина од Brittany Франција.
Употреба: Во тек на употребата, најдобро е растворот да биде на собна температура.
- При појава на првите симптоми на настинка, ринофарингитис, алергиски ринитис: 1-2 прскања во секоја ноздра, 2 до 3 пати на ден, до исчезнување на симптомите.
Предупредување:
- За индивидуална употреба (еден производ треба да го користи само едно лице)
- Во тек на употребата на производот може да дојде до нелагодност дури во некои случаи до лесно крварење од носот. Овие ефекти се безопасни и најчесто брзо исчезнуваат
- Да не се употребува во случај на алергија или хиперсензитивност на морска вода
- Да не се користи ако пакувањето е оштетено
- Употребата на производот кај деца под 10-годишна возраст, треба да биде под надзор на возрасно лице
- Ако се сомневате за нешто или ако симптомите перзистираат, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт
- По завршување на третманот, отстранете го спреј контејнерот
Медицинско средство класа IIа. Контејнер под притисок: може да експлодира ако се загрее. Да се чува на места заштитени од извори на топлина, искри, оган, топли површини. Не пушете при употреба на производот. Немојте да го продупчувате или палите контејнерот дури ни кога е празен. Да се чува на места заштитени од сончева светлина.
Да не се изложува на високи температури над 50°С/122 F. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура ол 8°С-35°С.