BOSNALIJEK Парацетамол сируп, 100 мл
Опис на производот
Парацетамол сирупот ги ублажува болките при проникнување на забите, забоболка и болка во грлото. Исто така, ја намалува покачената телесна температура која често е поврзана со настинка и грип, со детските заразни заболувања, како што се сипаници, голема кашлица, мали сипаници и заушки, и за лекување на покачена температура по вакцинирање.
Пакување: 100 мл
Содржина
Состав: 5 мл сируп содржи: 120 мг парацетамол.
Дозирање и начин на употреба: Парацетамол сирупот е наменет за перорална употреба. За дозирање на сирупот се користи дозирна лажичка со волумен од 5 мл, градуирана на 2,5 мл. Не употребувајте повеќе од 4 дози од лекот во тек на 24 часа.
Лекот да се употребува во интервал од најмалку 4 часа помеѓу дозите.