МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Величествениот магнезиум!

Замор? Несоница? Грчеви во мускулите? Зголемен стрес ? Проблеми со аритмија ?

МОЖЕБИ ВИ Е ПОТРЕБЕН МАГНЕЗИУМ!

Гужва во сообраќај, рокови, многубројни проблеми... Се само неколку тригери за стрес со кој се соочуваме секојдневно, трошејќи ги нашите нерви.

Честите грчеви во листовите на нозете во текот на ноќта се обично знак на предупредување дека со нашето тело владее напнатост.
Поради тоа секој од нас би требало да издвои еден мал дел од своето време за релаксација и опуштање. 
За среќа постои природно решение- она  што ни е најпотребно се вежбите за истегнување и опуштање, како и внесување на доволно количество на магнезиум.

 Магнезиум

Во денешно време постои голем интерес за  внесување  на магнезиумот како додаток на исхраната.

Поради зголемената употреба на вештачките ѓубрива кои ја осиромашуваат почвата , многу видови на овошје и зеленчук кои порано беа богат извор на магнезиум, повеќе не се. Затоа и не е чудно што речиси 80% од светското население има дефицит на магнезиум во организмот. 

Различната потреба на организмот за внес на магнезиум зависи од повеќе фактори : полот, возраста, физиолошката состојба на организмот, здравствената кондиција, како и од искористеноста на магнезиумот преку внес со храната.

Кога станува збор за внесување на магнезиумот преку суплементи, често се поставува прашањето, кој магнезиум да се земе, бидејќи во денешно време на пазарот се достапни различни облици на магнезиум, во вид на магнезиум оксид, цитрат, хлорид, сулфат, како и во комбинација со други минерали и витамини.
 
Раните знаци од недостаток на магнезиум вклучуваат губење или недостаток на апетит, мачнина, повраќање, замор и малаксаност. Но,како што се зголемува потребата од магнезиум така почнуваат да се појавуваат вкочанетост, трнење,  грчеви во мускулите, абнормален срцев ритам, како и коронарни грчеви.
Внесувњето на  доволно количество на магнезиум во исхраната е многу важен сегмент од вашето секојдневие. 
Намирници богати со магнезиум се бадемите, спанаќот, авокадото, бананите, гравот, брокулата, индискиот орев, рибиното масло, лененото семе, зелениот зеленчук, млекото, печурките, овесната каша, сусамот, сојата, сончогледот, тофуто и интегралните житарки. Но, ако и покрај внесот на овие намирници нивото на магнезиумот во организмот е низок , можеби ќе треба и дополнително да се  земе магнезиум преку суплементи богати со магнезиум.