BIOGAIA Протектис капки за гастроинтестинално здравје 5 мл

BIOGAIA Protectis 5 ml probiotski kapki
BIOGAIA Протектис капки за гастроинтестинално здравје 5 мл
796,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
037520C
favorite_border

Опис на производот

Biogaia Protectis капките е граничен производ којшто содржи Lactobacillus reuteri Protectis, природен лактобацил, кој го помага возобновувањето на природниот баланс во цревата и одржувањето на истиот. Lactobacillus reuteri Protectis е еден од најиспитуваните пробиотски ланци во големи клинички студии и е одобрен како ефикасен и безопасен производ за деца вклучувајќи ги и новородените деца како и прематурно новородени деца.

БиоГаја ПроТектис капките се препорачуваат при:

  • Прематурно новородени деца и доносени новородени деца кои се родени со царски рез за обезбедување и одржување на нормалниот цревен микробиот
  • Интестинални колики (грчеви) кај новородени деца и доенчиња
  • Третман и превенција на регургитација кај прематурни и доносени новородени деца и доенчиња
  • Третман и превенција на констипација кај прематурни и доносени новородени деца, доенчиња и адулти
  • Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца
  • Го намалува ризикот од појава на NEC (некротизирачки ентероколитис) кај новородени и прематурни новородени деца
  • Дополнителна терапија на антибиотско лекување
  • Дијареја
  • Подобрување на имунитетот
  • Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
  • Кај деца и возрасни, како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
  • Помага во одржувањето на здравјето на устата и забите (L. Reuteri е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)

Пакување: 5 мл

Содржина

Состав: Lactobacillus reuteri ProTectis 108 CFU/ 5 капки

Помошни супстанции: сончогледово масло, палмино масло (содржи триглицериди со среден ланец), силициум диоксид.

Употреба: 5 капки еднаш дневно. Протресете добро пред употреба. Навалете го шишето да се формираат капките и дозирајте со лажица. Не ги употребувајте со топла храна и топли напитоци.

Да се чува во оригинално пакување на суво место на температура до 25°С. Да се чува на места недостапни за деца!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се