ESENSA Oto Perfect Aqua Clean Спреј за уво, 30 мл

ESENSA Oto Perfect Aqua Clean Спреј за уво, 30 мл
350,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049280C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Медицинско средство, формулирано на база на водороден пероксид.

Се користи за испирање на ушниот канал, за омекнување и отстранување на ушниот восок, како и формираниот церуминозен чеп. Водородниот пероксид во контакт со кожата ослободува насцентен кислород предизвикувајќи ефервесценција, која механички го фрагментира ушниот восок (што се манифестира како "потпукнување во уво", што е доказ за ефикасноста на препаратот).

Дополнително, ослободениот насцентен кислород од водородниот пероксид делува антисептично, што придонесува за превенција на инфекции на надворешниот ушен канал. Со користење на Oto Perfect Aqua Clean спреј растворот за уво, надворешниот ушен канал се чисти, се намалува нелагодноста и ризикот од настанување на инфекции.

Употреба на Oto Perfect Aqua Clean спреј растворот за уво се препорачува:

  • За одржување на хигиена на увото
  • Кај особи кои имаат природна склоност кон прекумерно создавање на церумен
  • За отстранување на формираниот церуминозен чеп
  • Кај особи кои носат слушни апаратчиња или често носат слушалки
  • За испирање на увото непосредно пред примена на лекови за аурикуларна примена

Пакување: 30 мл

Содржина

Состав: 1 мл спреј содржи 30 мг стабилизиран водороден пероксид.

Растворувач: прочистена вода.

Употреба: пред првата употреба да се притисне распрснувачот неколку пати, додека од шишенцето не почне да излегува рамномерна доза на спрејот. Шишенцето со спреј да се загрее, држејќи се во дланките (1 минута).

Наведнете ја странично главата и вбризгајте една доза Oto Perfect Aqua Clean спреј раствор во уво, водејќи сметка апликаторот само благо да се потпре на ушната школка. Оставете да делува 5 минути држејќи ја главата благо наведната. Потоа исправете ја главата, пуштете го растворот да истече и нежно пребришете го увото. Кај децата благо повлечете ја ушната школка наназад, па потоа вбризгајте од производот.

За одржување на хигиена на увото, односно во превенција на насобирање на церуменот во надворешниот ушен канал, аплицирајте го спрејот 2-3 пати неделно.

Лицата кои носат слушни апарати, постапката може да ја повторуваат и почесто (неколку пати неделно).

Кога не треба да се применува Oto Perfect Aqua Clean спреј растворот за уво?

  • Во случај на перфорација или недостаток на ушно тапанче
  • Во случај на постојана повреда на ушниот канал
  • Во случај на преосетливост на водороден пероксид или било која од состојките на производот
  • Во случај на постоење на страно тело во увото
  • Пред и после хируршки интервенции
  • Кај деца помали од три години

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се