YOUNG DERM Крем за интензивна нега на мрсна и проблематична кожа, 50 мл
Опис на производот
Содржи природни, екосертифицирани екстракти од манго и камилица, како и витамин Б3. Оваа комбинација овозможува долготрајна нега на кожата и превенција од појава на акни.
- Екстрактот од камилица и бисабололот (активна компонента од маслото од камилица), имаат смирувачко дејство врз кожата т.е. го смируваат црвенилото и спречуваат појава на понатамошна иритација
- Витаминот Б3 (ниацинамид), ја намалува можноста за создавање нови акни, а воедно ја подобрува хидратацијата и тонизацијата на кожата
- Екстрактот од манго ги стеснува порите на кожата и помага во смирување на проблематичните делови на кожата
- Ги неутрализира штетните слободните радикали во кожата, делува на подобрување на микроциркулацијата на кожата, со што ја подобрува размената на хранливите материи во клетките на кожата, па кожата станува мазна, нежна и еластична
Идеалната комбинација на активните компоненти, нуди долготрајна нега на кожата, а воедно ја регулира секрецијата на лојните жлезди, со што се намалува можност за создавање на акни и митесери.
Пакување: 50 мл.
Содржина
Начин на употреба: наутро и навечер, по темелно чистење на кожата со YOUNG DERM влажните марамчиња и лосионот или тоникот за лице, кремот се нанесува на целото лице.
За кого се препорачува: за лесна и умерена форма на акни.