NASALEZE Cold And Flu Blocker Назален спреј во форма на прашок, 800 мг

NASALEZE Cold And Flu Blocker sprej za alergii
NASALEZE Cold And Flu Blocker Назален спреј во форма на прашок, 800 мг
430,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
047598C
favorite_border

Опис на производот

Nasaleze Cold and Flu Blocker Назален спреј во форма на прашок наменет за употреба пред да започнат симптомите на настинка и грип.

  • Превентивен третман во борбата против настинки, грип и останати вируси
  • Клинички е докажано дека помага да се запре почетокот на настинка и грип или да се намали нивното времетраење
  • Клинички е докажано дека делува ефикасно кај возрасни и деца над 3 години
  • Доколку симптомите на настинка и грип започнале пред да употребите Nasaleze Cold & Flu Blocker, сепак можете да започнете да користите, за да го намалите нивното времетраење
  • Доколку е неопходна употреба и на друг назален спреј, аплицирајте Nasaleze Cold & Flu Blocker потоа, за повторно да се формира заштитната бариера
  • Nasaleze Cold & Flu Blocker може да се употребува заедно со останати лекови, како дел од комбинирана тераписка стратегија во борбата против настинки и грип
  • Можат да го употребуваат возрасни, спортисти, бремени жени и доилки како и деца над 3 годишна возраст
  • Не содржи лекови и медикаменти
  • Не предизвикува поспаност
  • Третманот и делувањето на Nasaleze Cold & Flu Blocker е докажано во преку 5 клинички студии
  • Може да помогне да се запре повторното појавување на настинки поврзани со вируси и симптоми слични на грип
  • Natasarletzte Cold & Flu Blocker го скратува времетраењето и сериозноста на симптомите при настинка и грип
  • Овој прашок во носот се претвора во гел кој создава бариера која што штити, заштитува и ги деактивира вирусите и микроорганизмите од воздухот

Најчест начин на инфицирање со настинка и грип е преку носот. Вирусите на настинка и грип навлегуваат во носот и се прилепуваат за неговата слузница каде што се разможуваат и се шират. Ова води до започнување на симптомите, како затнат или нос кој тече, болно и воспалено грло, главоболка и кашлица. Во почетните стадиуми на болеста не можете да разграничите дали се работи за настинка или грип. Грипот е потенцијално сериозно заболување и за дефинитивна дијагноза потребен е лекарски преглед.

Пакување: 800 мг прашок.

Содржина

Состав: НРМС (ХПМЦ) 93%, мента во прав 2%, европски див лук во прав 5%.

Употреба: За да Ве заштити од настинка и грип Nasaleze Cold & Flu Blocker треба да се употребува 2-3 пати на ден, за да се одржи ефикасна бариера. Или ако симптомите веќе започнале, употребувајте Nasaleze Cold & Flu Blocker 3 пати на ден додека симптомите не исчезнат.

  • Чекор 1 - Издувајте го носот
  • Чекор 2 - Отстранете го капачето и протресете го шишенцето
  • Чекор 3 - Пробајте колкав притисок е потребен за да нанесете идеална доза што е отприлика 10-15 цм облаче од прав. Ако Ви изгледа тешко да го стиснете шишенцето, тогаш употребете ги двете раце (кога ќе се навикнете да го употребувате производот, нема да имете потреба од проба)
  • Чекор 4 - Наместете ја млазницата од шишенцето внатре во носоти нанесете 1-2 пати во секоја ноздрва. Вдишете нежно додека стискате но не многу длабоко.
  • Чекор 5 - Нанесете повторно од спрејот секогаш кога ќе го издувате носот

Начин на чување: Не го измиваје шишенцето со вода или други течности зошто можат да го затнат шишенцето. Не го употребувајте доколку заштитната обвивка е оштетена. Секогаш затворајте го капачето. Чувајте го на собна температура, или помеѓу 5 и 30°С. Отворениот производ може да се употребува 6 месеци. Да не се лади или замрзнува.

Мерки на претпазливост: Да не се употребува кај деца под 3 години. Не го употребувајте доколку сте алергични на целулоза, мента или див лук. Одбегнувајте контакт со очите. Одбегнувајте контакт со отворени рани. Доколку прашокот навлезе во очите, исплакнете со вода. За да се избегне контаминирање, производот да не се употребува повеќе од едно лице. За време на употребата  може да почуствувате благи сензации на пецкање и чешкање во носот. Ова се минливи сензации и ќе исчезнат кога ќе се навикнете да го употребувате. Може да почуствувате и блага форма на иритација ако носната слузница е инфламирана или изиритирана.
Некои лица можат да почувствуваат и и блага сензација на затнат нос, но ова е сосема нормално поради бариерата создадена од Nasaleze Cold & Flu Blocker. Во случај на посилна сензација на затнат нос, можно е производот да се употребува повеќе од препорачаното. Доколку почувствувате посериозен дискомфорт по употребата на Nasaleze Cold & Flu Blocker
консултирајте се со Вашиот лекар.

Да не се употребува повеќе од 30 дена во континуитет. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се