ALKALOID Цитикол, 30 вијали по 10 мл
Опис на производот
Alkaloid Citikol Цитикол вијалите се додаток во исхраната којшто содржи цитиколин во форма на перорален раствор којшто може да биде корисен за создавање нутритивен баланс на оваа хранлива супстанција, во случај кога таа недоволно се внесува преку исхраната или во услови на физиолошко зголемување на дневните потреби.
Квалитетот на видот најмногу зависи од правилното дејствување на нервните клеточни структури поврзани со визуелната функција. Поради тоа, особено е важно организмот да има невропротективен систем којшто ќе ги одржува физиолошките нивоа на мембранските фосфолипиди за да се обезбеди интегритетот на мембраната на нервната клетка.
Цитиколинот претставува молекула којашто е присутна во организмот. Исто така, претставува прекурзор на фосфолипидите коишто се содржат во клеточната мембрана, вклучувајќи ја и клеточната мембрана на оптичкиот нерв.
Нервните клетки го искористуваат цитиколинот за синтеза на ацетилхолин којшто е корисен за спроведување на визуелните сигнали. Цитиколинот којшто се содржи во Цитикол вијалите претставува извор на холин, прекурзор на ацетилхолинот. Холинот придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот, којшто може да биде засегнат во случај на некои офталмолошки невродегенеративни болести.
Пакување: 30 вијали по 10 мл.
Содржина
Состав:
| Состав | 1 вијала 10 мл | 100 мл |
| Натриумова сол на цитиколин* | 500 мг | 5000 мг |
| *Еднакво на холин | 102 мг | 1020 мг |
Помошни состојки: вода, фруктоза; регулатори на киселост: 60% раствор на натриум лактат, лимонска киселина; конзерванс: калиум сорбат.
Употреба: една вијала дневно, се препорачува да се зема наутро.
Мерки на претпазливост: Производот да не се применува за време на бременост и доење. Да се чува надвор од дофат на деца под 3 години. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана. Да се чува на собна температура, заштитен од директни извори на топлина.