PALETTE N7 8-0 Light Blonde Светло руса фарба за коса
Опис на производот
Palette Intensive Color Creme N7 8-0 Light Blonde – Светло руса фарба за коса.
Фиксација на бојата во косата за заштита од избледување. Дополнителна нега за време и по боење, 100% покриеност на седата коса.
- Со кератин, пантенол и нутритивно масло
Пакување: 50 мл туба за бојадисување, 50 мл шише со развивач на боја, 10 мл маска за нега, 1 пар ракавици и упатство за употреба.
Содржина
Употреба:
- Не се препорачува да ја миете косата 24-48 часа пред нанесувањето
- Ставете ги ракавиците
- Отворете го шишето развивач со боја и истурете ја содржината во стаклен или порцелански сад
- Нијанса 0-00: пресечете ги аглите на кесето со блонди-активатор и истурете ја содржината во смесата
- За многу кратка коса или боење на коренот, и развивачот на боја (за 0-00 употребете само едно кесе блонди-активатор)
- Ако вашата коса е со должина до рамена или подолга, се препорачува употреба на две пакувања Palette Permanent Natural Colors
- Одвртете го капачето на тубата и со обратната страна пробушете ја тубата и истиснете ја крем бојата и и развивачот
- Добро измешајте (не користете метални предмети) додека не добиете комплетна смеса
- Покријте ги рамената со пешкир
- За оптимални резултати веднаш нанесете ја смесата и не го чувајте остатокот
Целосно нанесување:
Ова нанесување се препорачува ако:
- Ја бојадисувате косата за првпат или претходно бојадисаната коса пораснала односно нема видливи израстоци
- Нанесете ја смесата на сува коса, почнувајќи од вратот со помош на четка. оставете околу 2 цм од коренот на косата непокриени. Нанесете ја смесата и измасирајте ја низ косата. Потоа нанесете ја смесата на коренот на косата
- Оставете ја смесата да делува 30 минути. За нијансите што осветлуваат оставете да дејствува 30-45 минути во зависност од интензитетот на боја што сакате да го постигнете
- Измијте ја добро косата по завршувањето на времето на дејство додека не потече чиста вода
Бојадисување на израсток:
Ова нанесување е неопходно ако:
- Вашата коса е веќе бојадисана и израстокот е видлив или врвовите на косата се потемни или во лоша состојба
- Нанесете ја смесата на сува коса, само на израснатиот дел на косата. Нијанса 0-00. Нанесете само на коренот
- Оставете смесата да дејствува на израстоците 20 минути. За нијанси за осветлување оставете да дејствува 30-40 минути во зависност од интензитетот што сакате да го постигнете
- Рамномерно распоредете ја бојата низ косата со чешел со широки запци. Не распределувајте ја бојата на целата коса, само нанесете на корените
- Оставете уште 10 минути. Нијансите што осветлуваат оставете да дејствуваат само 5 минути
- Измијте ја добро косата по завршувањето на времето на дејство додека не потече чиста вода
Мерки на претпазливост при употреба:
Боите за коса може да предизвикаат алергиски реакции.
Прочитајте и следете ги упатствата. Овој производ не е наменет за лица под 16 години. Привремените тетоважи може да го зголемат ризикот од алергија од овој производ.
Да не се употребува воопшто ако: имате црвенило на лицето или чувствителна, иритирана или оштетена кожа на главата, веќе сте имале искуство со надразнување или каква било реакција од производите за бојадисување , веќе сте имале реакција од привремени тетоважи.
Тест за предупредување на алергија:
Направете тест за алергија 48 часа пред секоја употреба на производот дури и кога веќе сте користеле бои за коса. Потребни се следните предмети: памучно топче или дрвено стапче, хартиено шамивче, тацна или чинивче (не користете метални предмети). Подгответе ја мешавината на следниот начин: отворете го целото капаче на флаконот со лосион за апликација. Извадете мала количина од развивачот со памучното топче или дрвеното стапче и ставете го на тацната. Отворете ја тубата со боја со притискање со задниот дел од капачето. Додајте приближно иста количина од бојата на тацната и мешајте со памучното топче да се добие хомогена смеса. Не користете метални предмети. Внимателно затворете го флаконот и тубата. Со памучното топче нанесете мала количина (колку зрно грашок) и размачкајте тенок слој на површина 2x2 цм на внатрешната страна од вашата подлактица. Оставете да стои 45 минути без да го покривате или допирате тој дел, избегнувајте контакт со облека, по 45 минути измијте ја површината за тест со вода и избришете ја со чиста крпа. Ако забележите било какви промени во однос на нормалниот изглед на кожата, како чешање, црвенило, оток на или околу површината што ја тестиравте во текот на тестот или во следните 48 часа, веднаш исплакнете ја кожата, не го користете производот и консултирајте лекар.
Се препорачува повторно нанесување на Palette Intensive Color Creme на секои 4 недели, затоа што косата израснува до 1 цм во овој период.