ALCON Systane Ultra Fast Acting Лубрикантни капки за очи, 10 мл

ALCON Systane Ultra Fast Acting Dry Eye Relief drops 10 ml lubrikantni kapki za oci
ALCON Systane Ultra Fast Acting Лубрикантни капки за очи, 10 мл
730,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
055638C
favorite_border

Опис на производот

ALCON Systane Ultra Fast Acting Dry Eye Relief Лубрикантните капки за очи

  • За лубрикација и навлажнување на контактни леќи, силиконски, хидрогелни и меки (хидрофилни) контактни леќи за дневно, продолжено и еднократно носење
  • Наменети се за примена кај пациенти за минливо олеснување на чувството на жарење и иритација предизвикани од суво око
  • Помагаат при отстранување на наслагите кои можат да предизвикаат иритација или неудобност во очите

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав: стерилен раствор кој содржи полиетилен гликол 400, пропилен гликол, хидроксипропил гуар, сорбитол, аминометилпропанол, борна киселина, калиум хлорид, натриум хлорид.

Начин на употреба:

  • Шишенцето држете го под капачето и свртете го за да се отвори
  • Пред првата употреба: држете го шишенцето приближно под агол од 90 степени и капнете една капка. Држете го шишенцето надоле и протресете за да го отстраните остатокот од капките

SYSTANE™ ULTRA лубрикантните капки за очи можат да се користат по потреба во текот на денот.

  • По потреба капнете 1 или 2 капки во зафатеното око (очи) и трепнете
  • При носење на леќи, во случај на иритација, нелагодност или заматеност капнете 1 до 2 капки во зафатеното око (очи) и трепнете 2 или 3 пати. Исто така можат да се користат и пред и после носење на леќи
  • По употреба, пред затворање на шишенцето, протресете го шишенцето надоле за да го отстраните остатокот од капките од врвот на шишенцето

Предупредување: Доколку почувствувате постојана непријатност во окото, зголемено солзење, промена во видот, црвенило на окото, консултирајте се со офталмолог бидејќи проблемот може да биде посериозен. Не ги натопувајте или дезинфицирајте контактните леќи со овие капки бидејќи може да дојде до иритација на окото. Привремено замаглување на видот и други визуелни пречки може да влијаат врз способноста за возење и употреба на машини. Доколку се појави замаглен вид, почекајте да се избистри пред да почнете да возите или да употребувате машини.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се