EUCERIN AQUAporin ACTIVE Light Лесен дневен крем за комбинирана кожа 50 мл

EUCERIN AQUAporin ACTIVE Light Лесен дневен крем за комбинирана кожа 50 мл
1.058,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
030534C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Кремот за нормална до комбинирана кожа е освежувачки хидратантен крем за лице, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата и ја прави кожата мека, мазна и сјајна.

Кожата има потреба од вода за добро да функционира. Добро хидрираната кожа е мазна, нежна и со убав сјај. Кога ќе се наруши природната заштитна бариера на кожата, таа ја губи влажноста и станува дехидрирана. Дехидрираната кожа нема сјај, затегната е и не може да се спротивстави на надворешните иританси. Како резултат на тоа станува чувствителна. Неопходна е интензивна и долготрајна хидратација, за да може да изгледа и да се чувствува одлично.

Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа, или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем - аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре.

Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата.

Го смирува чувството на затегнатост и ја прави кожата мазна и мека. Клинички и дерматолошки докажана компатибилност со чувствителната кожа и не содржи мирис или парабени.

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав: Aqua, Glycerin, Dicaprylyl Carbonate, Octyldodecanol, Glyceryl Glucoside, Distarch Phosphate, Glyceryl Stearate Citrate, Cetearyl Alcohol, Butylene Glycol, C12-15 Alkyl Benzoate, Carbomer, Sodium Polyacrylate, Dimethicone, Alcohol Denat, Caprylyl Glycol, Piroctone Olamine, Phenoxyethanol.

Употреба: Нанесете од кремот наутро и навечер, со нежни масажни движења на лицето, вратот и деколтето. Избегнувајте контакт со очитe.                          

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се