PK BENELUX Стомахон, 30 капсули

PK BENELUX Стомахон, 30 капсули
790,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
051181C
favorite_border

Опис на производот

Stomachon капсули за синдром на иритабилно црево

  • Обезбедува брзо ослободување од болните симптоми и притисокот од прекумерниот гас во дигестивниот тракт

  • Ја смирува абдоминалната болка кај пациенти со синдром на иритабилно црево и преовладувачка дијареа

  • Ја нормализира перисталтиката и ја намалува болката, и на тој начин ја превенира цревната опструкција

Капсулите Stomachon за синдром на иритабилно црево се медицинско средство кое ги ублажува симптомите од прекумерна акумулација на гас во абдоменот и болката, присутни кај пациенти со синдром на иритабилно црево (IBS), вклучително и: чувство на надуеност, метеоризам, исполнетост, подригнување и болка, поврзани со присутниот гас во абдоменот, опстипација (запек) и дијареа (пролив).

Активни компоненти се природна минерална глина (magnesium aluminium silicate) и polydimethylsiloxane. Овие состојки не се апсорбираат од страна на цревата. Природната минерална глина ги апсорбира токсините, бактериите и ротавирусите и на тој начин не им дозволува да се поврзат за цревната лигавица. Polydimethylsiloxane води до полесна агрегација на меурчињата од гас во абдоменот и цревата, овозможувајќи им на тој начин полесено да се исфрлат.

Пакување: 30 капсули

Содржина

Состав: природна минерална глина (magnesium aluminium silicate), polydimethylsiloxane 150 мг, хидроксипропил-метил целулоза, микрокристална целулоза, магнезиум стеарат, титаниум диоксид, масло од семки на сочоглед (helianthus annuus).

Употреба

Капсулите Stomachon за синдром на иритабилно црево се наменети за орална употреба.

Препорачана доза за возрасни и деца над 12 години е 2 капсули 3 пати на ден во период од 2-4 недели. Капсулите Stomachon треба да се земат за време или по оброк. Капсулата треба да се проголта цела со поголемо количество на вода (200 мл).

Не се препорачува употреба на капсулите Stomachon подолго од 30 дена во рамките на еден период на лекување. Лекувањето може да се продолжи по период од 4 дена.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се