VITALIA Премиум протеински бар со двојно чоколадо, 45 г

Vitalia Premium Whey Bar Protein 35%, WPI 95%+MPI+Collagen+Magnesium Double Chocolate proteinski bar so dvojna cokolada, magnezium, kolagen
VITALIA Премиум протеински бар со двојно чоколадо, 45 г
69,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
055658C
favorite_border

Опис на производот

Vitalia Premium Whey Bar Protein 35% - Премиум протеински бар со двојно чоколадо

  • Нутритивна бомба која ги задоволува вашите потреби
  • Без додаден шеќер
  • Со засладувач
  • Збогатен со магнезиум
  • Со високо количество на растителни влакна
  • 35% протеин
  • Комбинација на три премиум протеини: млечен протеин, протеин сурутка изолат и колаген
  • WPI 95% + MPI + Колаген

Оваа моќна комбинација обезбедува внес на 35% протеин и целосен аминокиселински состав кој ќе помогне во градење на мускулна маса, брзо опоравување по вежбање и регенерација на мускулното влакно.

Консумацијата на протеинските барови е веќе неизбежен тренд во здравата исхрана, особено меѓу фитнес ентузијастите и луѓето што сакаат да живеат здраво. Со брзиот животен стил и потребата за практични оброци, протеинските барови нудат идеално решение за задоволување на потребите за протеини, без внес на додадени шеќери. Нашиот протеински бар со двојно чоколадо ги задоволува сите овие барања, спојувајќи извонреден вкус, хранливост и квалитет.

Пакување: 45 г

Содржина

Состав: засладувач: сорбитол, млечен протеин 17% (калциум казеинат), прелив од млечен какао крем 15% (засладувач: малтитол, обрано млеко во прав, палмино масло, какао маса, емулгатор: соја лецитин), растително масло (канола масло), екструдиран протеин од соја, олигофруктозен сируп, протеин сурутка изолат, природно какао во прав, крцкави житарици со какао (пченично брашно, какао во прав со ниска масленост, овесно брашно, брашно од пченичен слад, сол, арома), хидролизиран говедски колаген 3%, растителни влакна, темно чоколадо со стевиа 1.5% (какао путер, какао маса, емулгатор: соја лецитин, засладувач: малтитол и стевиол гликозид), тримагнезиум дицитрат, готварска сол, арома.

Содржи глутен, соја и млеко.

Може да содржи трагови од јаткасто овошје.

Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект.

Нутритивна вредност во 100 г: Енергетска вредност 2037.8 kJ/ 485.2 kcal, масти 11.6 г од кои заситени 6.5 г, јаглехидрати 38.0 г од кои шеќери 4.8 г, од кои полиоли 32.0 г, влакна 6.0 г, протеини 35.0 г, сол 0.47 г, магнезиум 130 мг (35% од дневно препорачан внес кај возрасна личност (8400 kJ/2000 kcal)). 

Да се чува на суво и ладно место, на температура од 15-20°C. 

Консумирајте како протеинска ужинка или меѓуоброк во било кој дел од денот.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се