BIOAGROS Салеп Аладин со зачини, 84 г
Опис на производот
Салеп Аладин – со зачини
Салепот во вид на прав се добива од сувите туберозни корени на растение од видот Orchis, кои се попаруваат со врела вода, за да се отстранат остатоците, се сушат и мелат.
Познат е од дамнешни времиња и се среќава во записите на Хипократ, Ескулап, Теофрастус и Гален. Главно се користи во источните земји, но и пошироко, особено во зимскиот период како утрински напиток, засладен со шеќер или мед.
Нето-тежина: 84 г (7 кесички х 12 г).
Содржина
Состојки: шеќер, пченкарен скроб, салеп, цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче.
Начин на подготовка на напиток: Во ѓезве се ставаат 2 шолји вода или млеко и 12 г (1 кесичка) салеп и се меша добро да се раствори, без грутки. Потоа се вари до вриење, со постојано мешање. Кога ке се надигне, се истура половина шолја и повторно се загрева.
Се служи топло.