DR. BACHEFF Проанги спреј за грло, 20 мл

DR. BACHEFF Проанги спреј за грло, 20 мл
363,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
001319C
favorite_border

Опис на производот

Проанги е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др.) Носители на фармакодинамското дејство на Проанги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии (20 соеви на staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicilin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tuberculosis, brucellosis.

Проанги двојно е поефикасен при Грам+ бактерии.

Противоспалителниот ефект на Проанги се должи на дејството на жалфијата и флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот. Тие го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект.

Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип, како и Candida albicans. Проанги активно учествува во имунолошкиот одговор на организмот, го активира комплементот и ја зголемува фагоцитната активност на серумот.

Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот врши активирање на алтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта.

Антимикробните супстанци се термостабилни.

Етеричните масла имаат противвоспалителен ефект, ја намалуваат болката при голтање и го олеснуваат дишењето.

Индикации: акутни и хронични заболувања на ждрелото и горните респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата.

Придобивки:

  • Има пријатен мирис и вкус и го отстранува непријатниот мирис од устата
  • Не ја нарушува нормалната флора и не предизвикува резистетност кај бактериите
  • Не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите
  • Ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка апликација при потешки болни состојби

Пакување: 20 мл

Содржина

Состав: 20.0 г прополис екстракт (Propolis extract), 0.3 г жалфија (Salviae off.), 0.6 г нане (Menthae Piperitae) 0.5 г сладок анасон (Foeniculum Vulgare), 0.1 г еукалиптус (Oleum Eucalyptus), 0.3 г ментол (Menthol), разреден алкохол (Aethanolum Dilutum).

Контраиндикации: проанги не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на лекувањето.

Употреба: 3-4 напрскувања, 3 пати на ден, половина час пред јадење.

Предупредување: препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица чувствителни на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси. Да не се надминуваат препорачаните дози.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се