DR. THEISS Мукоплант тегавец Добра ноќ сируп, 250 мл
Опис на производот
Мукоплант тегавец Добра ноќ
- Придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон
Екстрактите од теснолистен тегавец (Plantago lanceolata), тимјан (Thymus vulgaris) и камилица (Chamomilla recutita) придонесуваат во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.
Екстрактот од маточина (Melissa officinalis) на природен начин помага во релаксирање и опуштање и овозможува одржување на нормалниот сон.
Витаминот Ц (аскорбинската киселина) придонесува за нормална функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.
Пакување: 250 мл
Содржина
Состав:
Стабилизатори: сорбитол, малтитол - сируп; вода; естракт од лист од теснолистен тегавец 1:1 (4,5 %) (Plantago Lanceolata L.; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет и лист од тимјан 1:5 (0,3 %) (Thymus vulgaris L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет од камилица 1:7 (0,3 %) (Chamomilla recutita L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат).
Згуснувач: ксантан гума; витамин Ц (аскорбинска киселина);
Конзерванс: калиум сорбат;
Арома: анасон; екстракт од билката од маточина 4,3-5,2:1 (0,05 %) (Melissa officinalis L., малтодекстрин).
Содржи сулфур диоксид.
Начин на употреба: за перорална употреба (се пие).
Вообичаено дозирање:
- Деца од 4-6 години: ½ чајна лажичка (2,5 мл) три пати на ден
- Училишни деца: 1 чајна лажичка (5 мл) три пати на ден
- Возрасни: 1 супена лажица (15 мл) три пати на ден
Мукоплант тегавец Добра ноќ, може да се зема и преку ден и навечер за олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон, но не повеќе од 6 пати во текот на 24 часа. Не се препорачува континуирана употреба подолго од 1 недела.