ALKALOID Витамин А+Д3 перли, 50 гел капсули

ALKALOID Витамин А+Д3 перли, 50 гел капсули
176,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
010114C
favorite_border

Опис на производот

Витаминот А придонесува за одржување здрава кожа и слузокожа, како и за одржување на видот и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување на коските и за нормална мускулна функција. Недостигот на витамин Д може да предизвика остеомалација (омекнување на коските) кај возрасни и остеопороза кај постари лица. Витаминот Д придонесува за нормална концентрација на калциум во крвта и за одржување здрави заби. Тој, исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.

Витаминот Д стекнува хормонска активност кога холекалциферолот (витаминот Д3) се претвора во 1,25-дихидрокси витамин Д3 (калцитриол) во црниот дроб и во бубрезите. Витаминот Д3 е единствен витамин во организмот којшто може да се произведе со помош на сончевата светлина (УВБ). Сепак, со денешниот начин на живот, престојување во затворени простории и со широката примена на производи со заштитни фактори, се појавува недостиг на 1,25-дихидрокси витамин Д3 којшто е неопходен за изградба на коските и за регулација на имунолошкиот систем.

Пакување: 50 гел капсули

Содржина

Состав

1 капсула содржи:

  • витамин А (во форма на ретинил палмитат) – 500 мкг (1667 ИЕ)
  • витамин Д3 (холекалциферол) – 10 мкг (400 ИЕ)

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се