PURA PERLA Glowy Skin Серум за лице, 30 мл

Pura Perla Glowy Skin Serum serum za lice
PURA PERLA Glowy Skin Серум за лице, 30 мл
1.115,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055642C
favorite_border

Опис на производот

Pura Perla Glowy Skin Serum - Серум за лице

  • За сува и нормална кожа
  • 100% маслен
  • Има брза апсорбирачка моќ и се впива во кожата веднаш
  • Ја храни кожта со богатиот состав на витамини и минерали
  • Со долготрајно дејство

Составот вклучува:

  • Јојоба, составена од естери, слични на човековиот себум со што го одржува балансот околу неговата секреција
  • Невенот содржи каротеноиди и флавоноиди. Третира чувствителна кожа – лекува и намалува воспаленија
  • Масло од цвет од диви ружи – едно од најлуксузните масла на пазарот. Извор на омега 3, 6 и 9 масни киселини, витамини А, Ц, Е и линолејска киселина. Ја ревитализира кожата враќајќи и го убавиот, здрав сјај
  • Формула збогатена со токоферол или витамин Е, природен антиоксиданс, борец на слободните радикалии, како и со ретинил или витамин А, познат по своето антиејџ дејство. Помага во реконструкција на колагенот
  • Лавандата пак, смирува иритација и црвенило

Финалниот производ е ефективен во борбата со стареењето. Нема да ги затвори порите и ќе ја остави кожата да дише. 

Пакување: 30 мл.

Содржина

Состав: масло од јојоба, масло од див цвет од ружа, масло од невен, ди-алфа токоферил ацетат, ретинил палмитат, етерично масло од лаванда. 

Начин на употреба: 

  • Како независен продукт: капнете неколку капки на чиста дланка и нанесете го серумот низ целото лице, врат и деколте со лесна масажа
  • Како бустер: доколку имате сува кожа, препорачливо е да се користи овој серум во комбинација со хидратантна крема. Во тој случај, нанесете прво крема а потоа нанесете го серумот со лесна масажа низ целото лице, врат и деколте

Glowy Skin серумот најдобро е да се комбинира со хијалуронска крема The Ultimate Hyaluronic Acid Moisturizer.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се