REPLEK Адолор форте, 10 таблети

REPLEK Adolor Forte
REPLEK Адолор форте, 10 таблети
143,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
055802C
favorite_border

Опис на производот

Replek Adolor Forte е лек кој ја ублажува болката (аналгетик) и ја намалува покачената телесна температура (антипиретик).  

АДОЛОР® ФОРТЕ се употребува за симптоматски третман на блага до умерена болка од различно потекло, како:

  • Главоболка 
  • Мигрена
  • Забоболка
  • Менструалнa болкa
  • Ревматскa болкa
  • Постоперативнa болкa и/или при покачена телесна температура

Пакување: 10 таблети.

Содржина

Состав:

  • Активна супстанција во 1 таблета: 1000 мг парацетамол
  • Помошни супстанции: прежелатинизиран скроб, повидон, натриум скроб глуколат, стеаринска киселина, целулоза микрокристална, коповидон, кроскармелоза, магнезиум стеарат

Употреба: Наменет е за адолесценти на возраст од 16 години и возрасни, со телесна тежина поголема од 50 кг. Може да го земате со или без храна. Вообичаена доза е 10 до 15 мг/кг телесна тежина како единечна доза, до вкупна дневна доза од најмногу 60 мг/кг телесна тежина, не надминувајќи 3000 мг. (максимум 3 таблети). Растојанието меѓу дозите треба да изнесува најмалку 6 часа.

Предупредување: Доколку болката трае подолго од 5 дена или покачената температура трае повеќе од 3 дена, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар. Адолор Форте не треба да се употребува заедно со алкохол. Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се