UPSA Fervex Без шеќер, 8 кесички
Опис на производот
Fervex® Без шеќер за возрасни е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење), главоболка и/или покачена температура кај возрасни и деца над 15 годишна возраст.
Пакување: 8 еднодозни кесички
Содржина
Состав:
Активни компоненти: Парацетамол 500 мг Витамин Ц 250 мг Фенирамин малеат 25 мг |
Останати состојки: Природна арома од есенцијални масла од лимон, цимет и каранфилче, природни екстракти од рум, ванила и карамел. Аспартам |
Напомена: Оваа формулација содржи аспартам како засладувач и е погодна за примена кај дијабетичари и лица кои избегнуваат внес на шеќери.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Вообичаено дозирање: 1 кесичка 2-3 пати на ден. Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа. Кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.
Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 мл) со топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.
Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако олеснување на симптомите не се забележи по 5 дена употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.
Мерка на претпазливост: Употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба да возите или да ракувате со машини.