МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Зегин со значајна донација за Општата Болница во Охрид

Денес во Општата болница - Охрид, на оделението за Гинекологија и Неонатологија, компанијата Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата.

donacija bolnica ohrid

Апаратот овозможува точен и брз резултат кој го заштитува новороденчето од традиционалниот начин за проверување на крв.

donacija aparat bolnica ohrid

Донацијата ја прими директорот на болницата, д-р Асен Шајн кој од свое име и од името на целиот персонал на одделот се заблагодари за донацијата и ја поздрави општествено одговорната иницијатива на компанијата Зегин, нагласувајќи  ја важноста на овој апарат, не само за овој оддел, туку и за целата болница во која доаѓаат пациенти од целиот регион, а  со чија помош многу ќе се олесни работата на персоналот и ќе се добиваат многу побрзи резултати во интерес на здравјето на пациентите.

donacija bolnica ohrid

Од компанијата Зегин изјавија дека оваа донација е еден почеток со кој би се најавиле и идни соработки со болницата, а Зегин како етаблирана општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет онаму каде што е потребно.

donacija bolnica ohrid