BECUTAN Шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1, 400 мл

Alkaloid Becutan Shampoo And Bath For Kids 400 ml, shampon i kupka za deca
BECUTAN Шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1, 400 мл
289,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
022627C
722,50 ден./л
favorite_border

Опис на производот

Alkaloid Becutan Baby Hair & Body Wash Шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1.

  • Овој производ претставува идеална комбинација на два производa за нега и за хигиена на детската кожа и коса во еден чекор
  • Составот на производот е збогатен со комбинација активни материи од природно потекло, кои имаат благо дејство и овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде приспособена кон потребите на детската кожа и коса
  • Една од состојките, глицерил олеат, ѝ припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка на кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидната рамнотежа на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитна функција
  • Екстрактот од алое вера дејствува антиинфламаторно, односно спречува појава на иритација и на црвенило
  • Екстрактот од пченични ’ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае врз подобрување на нејзината мекост и еластичност
  • Пченичните ’ркулци веќе имаат докажано благопријатно дејство и кога е негата на косата во прашање. Оваа состојка придонесува за зајакнување на влакното овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна
  • Производот содржи и регенератор што овозможува расчешлувањето да биде лесно и пријатно дури и за дечињата со бујна и кадрава коса
  • Со своето двојно дејство, овој производ овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост приспособена кон нивните потреби

Пакување: 400 мл.

Содржина

Состав: Aqua, Laury Glucoside, Sodium Laureth Sultate, Cocamidopropyl Betaine, Phenoxyethanol, Sodium Chloride, Parfum, Coco-Glucoside, Glyceryl Oleate, Polyquaternium-10, Panthenol, Citric Acid, Benzoic Acid, Hydroxypropyltrimonium Hydrolyzed Wheat Protein, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Dehydroacetic Acid, Ascorbic Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Sodium Bisulfite, Tocopherol, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Hexamethylindanopyran, CI 42090.

Употреба: мало количество од средството ce нанесува на влажна коса и кожа и нежно ce масира. По миењето темелно се плакне. Само за надворешна употреба! Да се чува на температура до 25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се