BIOGAIA Протектис капки за гастроинтестинално здравје, 5 мл
Опис на производот
Biogaia Protectis капките е граничен производ којшто содржи Lactobacillus reuteri Protectis, природен лактобацил, кој го помага возобновувањето на природниот баланс во цревата и одржувањето на истиот. Lactobacillus reuteri Protectis е еден од најиспитуваните пробиотски ланци во големи клинички студии и е одобрен како ефикасен и безопасен производ за деца вклучувајќи ги и новородените деца како и прематурно новородени деца.
БиоГаја ПроТектис капките се препорачуваат при:
- Прематурно новородени деца и доносени новородени деца кои се родени со царски рез за обезбедување и одржување на нормалниот цревен микробиот
- Интестинални колики (грчеви) кај новородени деца и доенчиња
- Третман и превенција на регургитација кај прематурни и доносени новородени деца и доенчиња
- Третман и превенција на констипација кај прематурни и доносени новородени деца, доенчиња и адулти
- Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца
- Го намалува ризикот од појава на NEC (некротизирачки ентероколитис) кај новородени и прематурни новородени деца
- Дополнителна терапија на антибиотско лекување
- Дијареја
- Подобрување на имунитетот
- Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
- Кај деца и возрасни, како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
- Помага во одржувањето на здравјето на устата и забите (L. Reuteri е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)
Пакување: 5 мл.
Содржина
Состав: Lactobacillus reuteri ProTectis 108 CFU/ 5 капки
Помошни супстанции: сончогледово масло, палмино масло (содржи триглицериди со среден ланец), силициум диоксид.
Употреба: 5 капки еднаш дневно. Протресете добро пред употреба. Навалете го шишето да се формираат капките и дозирајте со лажица. Не ги употребувајте со топла храна и топли напитоци.
Да се чува во оригинално пакување на суво место на температура до 25°С. Да се чува на места недостапни за деца!