GALENIKA Пантенол 10% спреј, 250 мл

Galenika Pantenol 10% Spray
GALENIKA Пантенол 10% спреј, 250 мл
260,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
056278C
favorite_border

Опис на производот

Пантенол спреј 10% е наменет за нега на здрава и осетлива кожа, за нега на кожа после сончање, иритирана и сува кожа и за нега на коса.

  • Пантенол спреј 10% има нежно и смирувачко дејство, лесно се впива и не предизвикува чувство на лепливост
  • Се препорачува за целодневна нега на кожата, а соодветен е за сите типови на кожа
  • Придонесува за намалување на непријатното чувство на чешање и за намалување на иритацијата кај сува и иритирана кожа
  • Ја негува кожата која има склоност кон перутање
  • Кожата ја прави поеластична и поотпорна на штетни влијанија
  • Придонесува за посјајна, помека и посилна коса
  • Придонесува за заштита на косата при стилизирање или оштетување
  • Со редовна употреба кожата станува, мазна и добива свеж и блескав изглед

Активни состојки:

  • Декспантенол 10%, придонесува за стимулација на природниот процес на подмладување на клетките и ја одржува кожата нахранета. Оваа состојка брзо се апсорбира во клетките на кожата и се претвора во пантотенска киселина. Активната форма на пантотенската киселина во ткивата е коензим А и има важна улога во создавање и регенерација на оштетената кожа. Декспантенол го поттикнува создавањето на колагенски влакна и ја поттикнува активната обнова на кожата, го нормализира клеточниот метаболизам и ја поттикнува регенерацијата на ткивата. Поволно делува кај третманот на лузни, опекотини и дерматози
  • Алантоинот придонесува за стимулација на растот на клетките, кое резултира со обновување на ткивото и епителизација на клетките на кожата. Има антиоксидативен, хидрирачки и смирувачки ефект на кожата. Со оглед на добрите хидрирачки особини, придонесува за подобро впивање од страна на кожата. Соодветен е за нега на многу осетлива кожа, иритирана (по епилација, сончање), како и на кожа со акни
  • Комбинацијата на декспантенол и алантоин обезбедува брза регенерација на кожата кај иритација и црвенило по изложување на сонце

Пакување: 100 мл.

Содржина

Состав: вода, пантенол, полисорбат 80, натриум бензоат, натриум цитрат, алантоин, лимонска киселина, парфем (Алое вера), линалол, цитронелол, алфа изометил јонон, лимонен, хексил цинамал, гераниол, бензил салицилат, еугенол, бензил алкохол.

Начин на употреба: Пантенол спреј 10% да се нанесе на кожата и/или косата и нежно да се втрие. Во зависност од потребата и степенот на исушеност на кожата и косата, Пантенол спреј 10% се употребува 2-3 пати на ден.

Предупредување: Само за надворешна употреба. Да се чува на температура до 25 °C во оригиналното пакување. Да се чува надвор од дофат на деца. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се