МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.000 денари

Моќта на куркумата

Куркумата потекнува од тропските шуми во Југоисточна Азија. Се одгледува и во Јужна Кина, Индија, Индонезија и Јава. Тоа е зачин со жолта боја, а од обликот на коренот можеме да кажеме дека е многу слична на ѓумбирот. Затоа се нарекува уште и индиски шафран и жолт ѓумбир. Таа претставува пикантен зачин и природно средство за чистење и детоксикација.

Главна состојка на куркумата е куркумин- има силен антивоспалителен ефект, одличен антиоксидант и делува како стимуланс на црниот дроб. Го спречува таложењето на мастите во црниот дроб и помага во одржување на здрав црн дроб.

- Се препорачува за сите кои имаат алергии бидејќи го јакне имунитетот.

- Помага во случаи на камења во жолчката, делува како дезинфициенс на жолчното кесе и жолчниот канал и го олеснува воспалението.

- Во Индиската традиционална медицина Ајурведа илјадници години се користи за третман за канцер и псоријаза.

- Ја подобрува функцијата на срцето.

- Се препорачува и за дијабетичари, го регулира нивото на инсулин во крвта, а исто така го намалува и лошиот холестерол.

Kurkuma

Препорачана дневна количина е 3 грама (1 кафена лажичка). Куркумата има 70 % поголема ефикасност ако се зема заедно со масти. Препорачливо е да се зема со топло млеко.

Со нејзините одлични здравствени карактеристики сите сме добро запознаени. Но дали сте знаеле дека куркумата може да се користи и за нега на кожа? 

Кои се одличните својства на куркумата за вашата кожа?

- Богата е со антиоксиданти кои го забавуваат оштетувањето на клетките на кожата

- Позната е широката употреба како ексфолијант за кожа и ја подобрува текстурата на кожата

- Помага при воспалителни состојби на кожата, како што се акни, сува кожа, псоријаза и егзема

- Ги намалува брчките.