4U PHARMA Прегнатол ДХА, 30 гел капсули

4u Pharma Pregnatol DHA
4U PHARMA Прегнатол ДХА, 30 гел капсули
655,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050909C
favorite_border

Опис на производот

PREGNATOL DHA ја содржи препорачаната дневна доза на докозахексаеноична киселина (ДХА - омега-3 масни киселини) за време на бременоста и доењето, во една капсула!

PREGNATOL DHA е додаток во исхраната кој содржи природно масло од алги со DHA и се користи за надокнадување на DHA омега-3 масни киселини кај бремени жени и доилки. Наменет за употреба во текот на целата бременост и за време на доењето.
DHA е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата на окото: 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот се DHA, а 93% од вкупните омега-3 масни киселини се присутни во мрежницата. 60% од структурата на мозокот е составена од масти, а 25% од тие масти се само DHA.

DHA како исклучително важна структурна компонента на мозокот, сочинува 30% од структурните масти во сивата материја на мозокот.

Интензивен раст на мозокот на бебето се јавува во последниот триместар од бременоста и во текот на првата година од животот. Во првите две години од животот, DHA е основна компонента на клучните сврзни компоненти во мозокот.

Маслото од микроалги во Pregnatol DHA е со највисок квалитет. Највисокиот квалитет во Швајцарија се потврдува и одобрува со печатот „Swiss quality“.

Пакување: 30 меки гел капсули

Производител: 4U PHARMA gmbh, Poststrasse 3, CH-9100 Herisau, Швајцарија

Содржина

Состав: масло од микроалги Schizochytrium sp (извор на докозахексаноична киселина),
мека желатинска капсула: говедски желатин и глицерол.

Активни компоненти: 

  1 КАПСУЛА % ПДД*
Природно масло од микроалги (Schizochytrium sp.) 500 мг           
стандардизирано на 40% ДХА (докозахексаноична киселина) 200 мг  

*ПДД-Препорачани дневни дози

Употреба:
Возрасни: Да се испие 1 капсула дневно. Една мека желатинска капсула содржи 200 мг на ДХА со што се задоволува препорачаниот дневен внес на ДХА во текот на бременоста.
 

Напомени:
Препорачаната доза не смее да се надмине. Додатоците во исхраната не смеат да се користат како замена за разновидна и избалансирана исхрана.

Предупредувања:
Производот не треба да го земаат лица преосетливи на некои од состојките на производот.

Начин на чување: 

Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага, на температура од 15-25 °С. Да се чува на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се