BELUPO Наксил форте 600 мг, 20 шумливи таблети
Опис на производот
Наксил форте шумливите таблети можат да се користат при лекување на болести на респираторните патишта како астма, бронхитис (воспаление на слузницата на душникот), емфизем (зголемување на воздушните простори и губење на еластичноста на белите дробови), муковисцидоза (цистична фиброза) и бронхиектазија (трајно проширување на делот на цевката на душникот на кој таа се разгранува).
Лекот е наменет за примена кај возрасни.
Пакување: 10 шумливи таблети
Содржина
Состав: 1 шумлива таблета содржи 600 мг ацетилцистеин.
Помошни материи: малтодекстрин, цитратна киселина - безводна, натриум хидроген карбонат.
Арома на портокал (природна арома на портокал, малтодекстрин, арапска гума, аскорбинска киселина, бутилхидроксианизол), леуцин, сахарин натриум.
Дозирање и начин на употреба:
Возрасни - 1 шумлива таблета еднаш на ден.
Начин на примена:
Шумливата таблета растворете ја во чаша вода.
Подготвениот раствор испијте го веднаш.
Болните со ослабен рефлекс на кашлање (постари лица и слаби и изнемоштени лица) шумливата таблета да ја земат наутро.
Лекот не се употрбува подолго од 14 дена, без советување со лекар.