CANNA-VITAE Hemp CBD 20% масло од коноп, 10 мл

CANNA-VITAE Hemp CBD oil 20% Coconut Oil Extra Energy 10 ml kokosovo maslo so konop
CANNA-VITAE Hemp CBD 20% масло од коноп, 10 мл
2.300,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
053549C
favorite_border

Опис на производот

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum е природно органски произведено масло добиено од екстракт од коноп (Cannabis sativa L). Овој производ помага да се врати целокупната рамнотежа на вашето тело, го намалува стресот и релаксира благодарение на неговите природни својства. Го одржува чувството на смиреност и благосостојба на целиот организам.

Производот ги овозможува сите придобивки од органскиот екстракт од коноп, познат и како “масло од канабис“. Како производ со широк спектар, маслото ги надминува ограничувањата на едно соединение.

CBD маслото е збогатено со кокосово масло (Medium Chain Triglyceride – MCT) за да се обезбеди подобра апсорпција во организмот. Почувствувајте се подобро со една дневна доза од CANNA–VITAE CBD масло 20% (EXTRA ENERGY), направен со употреба на најдобри природни вегански состојки.

CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) не содржи глутен и не содржи лактоза, без пестициди, хербициди и тешки метали.

CANNA-VITAE 20% CBD Broad Spectrum, маслото првенствено содржи CBD (канабидиол), но во помали концентрации може да содржи и останати канабиноиди како што се CBG (канабигерол), CBDV (канабидиварин) и CBC (канабихромен). Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и на тој начин го подобруваат имунолошкиот систем на организмот.

CANNA-VITAE 20% CBD (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum масло, содржи и други важни соединенија како што се терпени, флаворноиди, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е).

Помага при следниве состојби:

  • Мултиплекс склероза
  • Вознемиреност
  • Епилепсија од сите возрасти
  • Проблеми со хормоналниот систем и кардиоваскуларен систем
  • Несоница

Некои од ефектите од употребата на маслото од канабис може да вклучат помош при стрес, анксиозност, депресија, нервоза и мускулни грчеви. Некои истражувања сугерираат дека маслото од канабис може да се користи против ефектите на гадење ако се подложи на хемотерапија или друга терапија со зрачење кај малигни заболувања. Овој производ може да ве ослободи од разни состојби на болка, поради неговото антиинфламаторно дејство.

Воедно, збогатено со масни киселини со среден ланец, овој производ исто така може да придонесе за намалување на воспалението и да обезбеди антибактериски и антифунгални својства.

CANNA-VITAE 20% CBD (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum масло не е лек и затоа не треба да ја заменува главната терапија за овие болести.

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав: 

  • Medium Chain Triglyceride (MCT) – Кокосово масло: 79-81%
  • Екстракт од Cannabis sativa L. (CBD – Cannabidiol): 19-21%

(Немојте да го употребувате производот, доколку сте чувствителни на некоја од овие состојки!)

Употреба: Пред употреба треба да се протресе шишенцето. Користете ја пипетата за да ги распределите капките под јазикот еднаш до двапати на ден. Се држи 30-тина секунди под јазик и се голта. 

Максимална дозволена дневна доза за производот CANNA–VITAE  со 20% CBD Broad Spectrum е 7 капки на ден (1 капка содржи 10 мг CBD).

По препорака на доктор дозата може да се зголеми.

Мерки на претпазливост: CANNA-VITAE Hemp CBD масло 20% (EXTRA ENERGY) Broad Spectrum не се употербува ако сте бремени или доите. Овој производ не содржи психотропни супстанци и нема психоактивно дејство (несодржи THC!). Не смее да се зема истовремено со алкохол и други недозволени супстанции. Доколку ви капне на очите, исплакнете ги со млаз од вода. 

Да се чува на ладно и суво место. Подалеку од дофат на деца и подалеку од сончева светлина.

Препорачана температура за чување е од 4ºC до 20ºC.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се