CURAPROX CS 5500 Kids Ultra Soft Детска четка за заби

CURAPROX CS 5500 Kids Ultra Soft toothbrush detska cetka za zabi
CURAPROX CS 5500 Kids Ultra Soft Детска четка за заби
360,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051296C
favorite_border

Опис на производот

Четка за заби Curaprox CS Kids Ultra Soft - за Вашите деца. Оваа четка сигурно ќе им се допадне на сите деца на возраст од 4 до 12 години – но ќе им се допадне и на нивните запчиња. На главата имаат 5500 супер меки и тенки CUREN® влакна кои го претвораат четкањето во незаборавна утринска и вечерна забава. Нежните влакна темелно го отстрануваат забниот плак, без да ги оштети нежните детски непца.

Достапни се во шест привлечни бои, и ергономска осумаголна дршка специјално дизајнирана за малите детски рачиња и за незаменливо чувство на чистота. Сето тоа досадното четкање на заби го претвора во забавна рутина.

Само за децата: идеална дршка за малите детски рачиња и мала компактна глава за лесен пристап до тешко достапните места во устата. Ниту едно запче нема да остане неисчистено благодарение на 5500 CUREN® влакна. Му кажуваме збогум на кариесот, а добредојде на здравите заби и непца.

  • Наменета е за деца од 4 до 12 годишна возраст
  • Во шест омилени бои
  • Осумаголна дршка за малите и големите детски рачиња
  • 5500 ултра меки и тенки CUREN® влакна (со дијаметар од 0.09 mm)
  • Неверојатна ефикасност: благодарение на 5.500 CUREN® влакна кои формираат компактна, нежна и многу ефикасна површина за четкање
  • Досадното четкање на заби го претвораат во вистинска забава во бањата
  • Не содржи штетни состојки како бисфенол А (BPA), фталати или азо-боја

♦Сликата од производот, односно бојата на производот е од информативен карактер и може да варира.

Пакување: 1 четка.

Содржина

Употреба:

  • Поставете ја четката за заби така што половина од влакната ќе ги покриваат непцата, а другата половина забите
  • Четкајте со мали кружни движења. На овој начин густите и тенки влакна ефикасно ќе ги исчистат наслагите помеѓу работ на непцето и забот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се