HEMOFARM Пантенол, 20 ориблети

Hemofarm Panthenol Oriblete pantenol
HEMOFARM Пантенол, 20 ориблети
118,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
001009C
favorite_border

Опис на производот

Hemofarm Panthenol Oriblete е граничен производ кој во својот состав како активнa компонента содржи пантотенска киселина во форма на ориблети со пријатен вкус, наменет за растопување во устата.

Пантотенската киселина допринесува за одржување на нормалниот енергетски метаболизам и намалувањето на заморот и исцрпеноста. Пантотенската киселина допринесува за нормалната синтеза и метаболизам на витамин Д.

PANTHENOL ориблетите пријатно ја ладат слузницата на усната шуплина, ждрелото и гингивите. Може да се употребуваат секојдневно, кај иритација предизвикана од инфективни агенси, пушење или носење на ортопедски апарат или протези.

PANTHENOL како граничен производ може да го употребуваат деца постари од 5 години, возрасни и постари лица. Посебно се препорачува на лицата склони кон воспаление и иритација на ждрелото и гингивите.

Пакување: 20 ориблети

Содржина

Состав: 

 

Активна компонента: Пантотенска киселина (калциум-Д-пантотенат).

Една ориблета содржи 30 мг пантотенска киселина (калциум-Д-пантотенат).

Помошни компоненти:
Средства за зголемување на волуменот: манитол, сорбитол; средство против згрутчување: магнезиум стеарат; киселина: лимонска киселина; природна арома на портокал.

Употреба: 

  • Деца постари од 5 години: 1 ориблета на ден
  • Возрасни: 1 ориблета на ден

Ориблетата треба полека да се растопи во устата. 

Мерки на претпазливост: Не го употребувајте Пантенолот ако сте алергични (преосетливи) на пантенол или било која од составните компоненти на граничниот производ.

Граничниот производ не е наменет за употреба кај деца на возраст под 5 години.
Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.
Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект.

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

Граничниот производ PANTHENOL не влијае врз способноста за возење или ракување со машини.

Не ја пречекорувајте препорачаната доза. Не земајте поголеми дози од препорачаните. Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект.

Ако сте заборавиле да земете PANTHENOL не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.

Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт.

Да се чува на суво место, заштитено од светлина.

Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат за деца.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се