PROVEN URGENT C Night Интензивна ноќна поддршка на имунитетот, 7 кесички
Опис на производот
Proven Urgent -C Immune Intensive Night-Time Support Интензивна ноќна формула за имунитет и енергија.
- Со шеќер и засладувач
- Погодно за вегетаријанци
- Без глутен
- Без состојки од млеко
Содржи комбинација на мултивитамини и минерали:
- Лимон со топла вода, мед и сок од црна рибизла е напиток со традиционална вековна употреба за целото семејство
- Urgent-C Immune Intensive е производ кој ја спојува традицијата со 1000 мг витамин Ц, цинк и витамин Д за поддршка на имунолошката функција, заедно со пчелин прополис, бета глукани и црн бозел – сите заедно во вкусен топол напиток
- Urgent-C Immune Intensive исто така содржи магнезиум кој придонесува за нормална психолошка функција и нормална функција на нервниот систем како и за нормална функција на мускулите и релаксација
- Секоја кесичка содржи и инулин и пребиотски влакна кои претставуваат храна на корисните бактерии во дигестивниот систем
- Витамин Ц, витамин Д и цинк придонесуваат за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- Магнезиумот продонесува за нормална психолошка функција, за нормална функција на нервниот систем и мускулите
Пакување: 7 кесички.
Производител: ProVen Probiotics Port Talbot SA12 7BZ, Велика Британија.
Содржина
Состав:
Активни состојки | Една еднодозна кесичка | %ПДВ* |
Витамин Д | 12.5 мкг | 250 |
Витамин Ц | 1000 мг | 1250 |
Магнезиум | 100 мг | 27 |
Цинк | 5 мг | 50 |
Инулин | 1500 мг | / |
Мед во прав | 1000 мг | / |
Црн бозел екстракт | 500 мг | / |
Пчелин прополис | 100 мг | / |
Бета 1,3 & 1,6 глукани | 70 мг | / |
*препорачано дневено внесување
Состојки: фруктоза, малтодекстрин, цикорија екстракт од корен, аскорбинска киселина (витамин Ц), магнезиум цитрат, лимон пире во прав (сулфати), мед, црна рибизла во прав, црн бозел екстракт, регулатор на киселина (калиум хидроген карбонат), квасец екстракт (бета 1,3 & 1,6 глукани), киселина (лимонска киселина), пчелин прополис, цинк глуконат, засладувач (стевиол гликозиди), модифициран пченкарен скроб, средство против згрутчување (силициум диоксид), пченкарно масло, сахароза, антиоксиданси (натриум аскорбат, ДЛ-алфа-токоферол), холекалциферол (витамин Д3).
Информација за алергени: За информација за присуство на алергени, вклучително и житарки кои содржат глутен, видете во делот “состојки” означени во “bold“.
Употреба:
Возрасни и деца над 12 години: Како додаток на исхрана, земете една кесичка навечер. Содржината на кесичката истурете ја во шоља и додадете топла вода за да се раствори
Деца од 4 до 12 години: Како додаток на исхрана, земете половина кесичка навечер. Содржината на кесичката истурете ја во шоља и додадете топла вода за да се раствори
Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да претставува замена за разновидна исхрана. Во случај на пречувствителност на било која состојка во состав на производот, немојте да го употребувате производот. Бремените жени или жените кои планираат бременост да се консултираат со лекар пред да земат било каков производ.
Да се чува на ладно и суво место. Да не се користи по истекување на датумот на рокот на употреба што е означен на пакувањето.