DR. BACHEFF Проафтол спреј, 20 мл
Опис на производот
Претставува комбинација на прополис и повеќе етерични масла кои имаат поголем број фармаколошки дејства. Производот е ефикасно средство за решавање на проблемите со афти.
Наменет за ублажување на симптомите при афти, гингивит, стоматит, алвеолит, ерозии од неинфективна и инфективна етиологија, декубитални и рентген улкуси. Проафтол претставува комбинација на прополис и повеќе етерични масла кои имаат поголем број фармаколошки дејства.
Составните компоненти на Проафтол поседуваат бактерицидно дејство против поголем број на бактерии (претежно Грам – позитивни), потоа антивирусно (Херпес симплекс и А2 вирусот на грип), антисептичко, анестетичко и антиоксидативно дејство кое е потенцирано од присуството на анестезинот.
Пакување: 20 мл
Содржина
Состав (100 мл): 25% прополис во разреден алкохол, етерични масла на: жалфија (Salviae off.) 0.4 г, нане (Menthae piperitae) 0.6 г, анис (Ol.Anisi) 0.3 г, ментол (Menthol) 0.6 г, анестезин (Anesthesine) 3.0 г.
Употреба: пред употреба подесете го посакуваниот агол на апликаторот, насочете го кон оштетената лигавица и притиснете. Строго придржувајте се кон упатството за употреба. Препорачаната дневна доза не смее да се менува.
Дозирање: по 2-3 напрскувања, 3-4 пати на ден, половина час пред јадење. Кај деца помлади од 3 години, при исклучително тешки афтозни стиматити, се препорачува краткотраен третман во траење од еден до два дена. Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Можни несакани дејства: Како и сите други средства, Проафтол може да предизвика алергиски реакции. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на третманот.
Напомена: Препаратот остава траги на ткаенини кои тешко се отстрануваат.