PHARMANOVA Естрофакт силвер протект, 10 вагинални капсули

Pharmanova Oestrofact Silver Protect 10 Soft Vaginal Capsules vaginalni kapsuli
PHARMANOVA Естрофакт силвер протект, 10 вагинални капсули
661,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
054860C
favorite_border

Опис на производот

Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт® СИЛВЕР протект) меки вагинални капсули создаваат заштитна бариера со цел да го изолираат и штитат ткивото од иритирачките агенси, со што се подржува одржување и обновување на нормалната физиолошка состојба на вагиналната слузница.

Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт® СИЛВЕР протект) капсули се користат во третман на бактериски, габични и вирусни инфекции.

Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт® СИЛВЕР протект) е медицинско средство со двојно дејство:

  • Го изолира третираното подрачје штитејќи го од надворешните патогени микроорганизми
  • Ја ограничува колонизацијата на микроорганизмите на третираната површина, создавајќи идеални услови за обновување на природната физиолошка состојба на вагиналната слузокожа.

Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт® СИЛВЕР протект) вагинални капсули се брзо растопливи желатински капсули.

Медицинско средство Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт* СИЛВЕР протект) меки вагинални капсули треба да се применат кога ќе се јават првите симптоми како што се: чешање, печење, непријатност и сл.

Пакување: 10 меки вагинални капсули.

Содржина

Состав: Каприлни/капрински триглицериди, глицерил-стеарат, PEG-6 стеарат (i) гликол стеарат (i) PEG-32-стеарат, екстракт на Aloe barbadensis, TIAB® (микрокристален титаниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро), натриум-хијалуронат.

Упатство за употреба:
1) Пред употреба измијте ја интимната регија
2) Вметнете ја меката капсула длабоко во вагината
3) Повторувајте ја примената еднаш дневно во тек на седум дена.

Не е неопходно да се прекинува евентуална паралелна примена на топикална терапија.

Предупредувања:

  • Средството користете го само во случај доколку епителот не е оштетен
  • Не користете го производот во цели поинакви од тие што се наведени во упатството
  • Пред употреба внимателно измијте ги рацете
  • Не користете го производот после истек на рок за употреба наведен на кутијата
  • Чувајте на собна температура и подалеку од извор на топлина
  • Не замрзнувајте
  • Чувајте вон дофат на деца
  • Само за локална употреба - да не се голта
  • Не користете ако пакувањето е отворено или оштетено
  • Не користете во случај на позната пречувствителност на било која од компонентите
  • Прекинете го третманот во случај на абнормални кожни реакции
  • Во случај на подолга употреба консултирајте се со лекар
  • Производот не е спермицид ниту контрацептив

Контраиндикации:

  • Не се забележени случаи на предозирање
  • Да не се користи во случај на позната пречувствителност на компонентите
  • He ce познати интеракции со лекови и други лековити супстанции

Услови на чување:
Да се чува подалеку од влага и топлина. Ако е изложена кон сонцето, содржината може да поприми благо жолта нијанса; што не влијае врз нејзините функционални карактеристики и рок на употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се