ZENTIVA Персен, 40 таблети

zentiva persen hard capsules
ZENTIVA Персен, 40 таблети
239,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
000708C
favorite_border

Опис на производот

Persen е традиционален хербален лек со растително потекло. Содржи комбинација од сув водено етанолен екстракт од корен на валеријана, сув екстракт од листови на мелиса и сув екстракт од листови на нане.

Валеријаната и листот од мелиса традиционално се користат за смирување, а листовите на мелисата и нането имаат ублажувачко дејство врз слабите гастроинтестинални тегоби. Традиционално е познато дека коренот од валеријана, листовите од мелиса и од нане имаат седативно дејство при умерени состојби на стрес, напнатост и го олеснуваат заспивањето.

Persen традиционално се употребува при умерени состојби на напнатост и немир предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето.

Пакување: 40 таблети

Содржина

Состав: една таблета содржи: 35 мг корен од валеријана, 17.5 мг лист од мелиса и 17.5 мг лист од нане.

Помошни состојки: лактоза монохидрат, сахароза, течна глукоза.

Употреба:

Возрасни и адолесценти над 12 години:

  • При состојба на стрес, напнатост и раздразливост се препорачува да се земаат по три обложени таблети, трипати на ден.
  • За полесно заспивање се препорачува да се земат три обложени таблети половина час до еден час пред спиење.

Таблетите се голтаат со течност (чаша вода), независно од оброците.

Дејството на Persen се манифестира постепено. За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е таблетите континуирано да се земаат најмалку 14 дена. Ако состојбата не се подобри или, пак, се влоши по 14 дена од употребата на Persen, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар.

Времетраењето на лекувањето не е ограничено. По долготрајна употреба на Persen во препорачаните дози, не се јавува зависност ниту апстиненцијални симптоми.

Немојте да го употребувате Persen, ако:

  • сте преосетливи на корен од валеријана, лист од мелиса, лист од нане или која било друга помошна состојка на лекот.

Бидете посебно внимателни со Persen:

  • Ако имате желудочноезофагусен рефлукс (ждригавица) треба да ја избегнувате употребата на Persen, бидејќи листовите од нане можат да ја влошат ждригавицата.
  • Ако имате камен во жолчка или други болести на жолчката и жолчните канали бидете особено внимателни при употреба на препарати кои содржат нане.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се