BAYER Канестен 3 - 200 мг, 3 вагиналети

BAYER Канестен 3 - 200 мг, 3 вагиналети
343,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
006701C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Канестен 3 вагиналните таблети се употребуваат за лекување на инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто Candida) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Пакување: 3 вагинални таблети во блистер и 1 апликатор

Содржина

Употреба: лекот треба да го употребувате како што е пропишано во упатството (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

За лекување на вагннални инфекции: секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови ставете по една вагинална таблета, што е можно подлабоко во вагината, пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе.

На клотримазол вагиналните таблети им е потребна влажност, за да се растопат комплетно во вагината, во спротивно делови од вагиналната таблета може да испаднат од вагината. За ова да не се случи важно е таблетата да ја ставите што е  можно подлабоко во вагината пред спиење. Доколку вагиналната таблета не се растопи комплетно во текот на една ноќ, препорачливо е да користите вагинален крем.

Плодност, бременост  и доење:

Пред да земете било каков лек, советувајте се со лекар или со фармацевт.

Како и сите лекови и Канестен 3 вагинална таблета може да предизвика несакани дејства, иако тие не се појавуваат кај секого.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Избегнувајте контакт на лекот со очите. Немојте да ги голтате вагиналните таблети. Лекот да се чува на температураа до 30°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се