BOSNALIJEK Камфарт крема 40 г

BOSNALIJEK Камфарт крема 40 г
178,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
005414C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Камфарт кремот содржи камфор, метил салицилат, бензил никотинат и ментол, четири добро познати супстанции од групата на локални надразнувачки агенси (рубифациенси), чие дејство се надополнува едно со друго.

Кратко по апликацијата на кожата, овие супстанции индуцираат до вазодилатација на крвните садови и го зголемуваат протокот на крв во зафатеното подрачје, предизвикувајќи црвенило и лесна иритација на кожата.

Локалната температура се покачува, следено со лесно чувство на печење. Болката, или површинска или подлабока, се намалува главно преку процесот на иритација на кожата, а чувството на топлина во третираното подрачје допринесува до намалување на болката.

Камфарт кремот се користи за симптоматско намалување на болки (локална терапија).

Камфарт кремот се препорачува за:

  • Лумбаго, ишијас, фибромијалгија (фиброзитис), невритис, невралгија
  • Лесни повреди (вклучително и спортски) на мускулите, зглобовите, тетивите и/или лигаментите, кои не се следени со оштетување на кожата (како што се истегнување, исчашување, контузии и слично)
  • Ревматски болки
  • Болки во плевралните адхезии потврдени со скијаграф

Пакување: 40 г

Содржина

Состав: 1 г крем содржи:

  • камфор 20 мг
  • метил салицилат 10 мг
  • бензил никотинат 10 мг
  • левоментол 10 мг

Употреба

Камфарт кремот е наменет за употреба  кај возрасни и деца над 12 години. Камфарт кремот треба да се нанесе во тенок слој и нежно да се размачка на заболеното место, 3-4 пати на ден. Површините кои се намачкани со кремата не смеат да се загреваат, ниту да се ставаат облоги, компресии или завои. По нанесување на кремата рацете веднаш треба добро да ги измиете.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се