МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Црвенило во пределот на пелената и нега на бебешка кожа со маст Бепантен за бебиња

Bepanten Baby mast

И покрај тоа што пеленскиот осип е непријатна појава за вас и вашето бебе, тој е многу чест и со правилна грижа можеме лесно да го намалиме. 

Што е пеленски осип?

Тоа е воспаление на кожата предизвикано од оштетување на кожата при присуство на урина и измет во пелената. 
Во првата година од животот, дури 50% од доенчињата имаат лесна форма на пеленски осип, 20% умерена форма и 5% тешка форма. Ова обично се случува на возраст од 3 до 12 недели, а најчесто е помеѓу 9 и 12 месеци.

Симптомите на пеленскиот осип вклучуваат:

  • Црвенило, рани, оток или мозолчиња на газето, препоните и гениталиите на бебето
  • Зафатената кожа може да биде жешка на допир
  • Однесувањето на детето е малку понемирно – почнува да плаче кога го допирате или додека го миете, а често се буди навечер поради непријатност

Кои се причини за пеленски осип кај доенчиња?

Причините за пеленски осип кај доенчиња може да бидат: 

  • Незрела кожа на бебето
  • Контакт на кожата со урина или измет
  • Триење на пелената врз кожата
  • Употреба на сапуни, детергенти и влажни марамчиња за чистење
  • Слабо исушена или влажна кожа под пелената
  • Употреба на масти со мириси и конзерванси
  • Алергиска реакција на состојки во пелената
  • Дијареа
  • Употреба на антибиотици

Што е Бепантен маст?

Bepanthen® Baby е нежна маст со пантенол за нега на кожата во пределот на пелената. Таа е развиена специјално за да ја заштити чувствителната кожа на бебето од причините кои предизвикуваат црвенило во пределот на пелената. Bepanthen® Baby маст е толку нежна што може да се користи при секое менување пелени за нега на најчувствителната кожа.

Како делува Бепантен маст?

Ефектот го постигнува на два начина:

  • Штити – создава проѕирен слој кој и овозможува на кожата да дише и помага да се заштити кожата на детето од триење и иритација
  • Храни – поради високата концентрација на провитамин Б5, го поддржува процесот на регенерација на кожата, додека ја одржува мека, мазна и хидрирана