GALENIKA Пантенол 5% раствор 100 мл

GALENIKA Пантенол 5% раствор 100 мл
127,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051012C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Декспантенол 5% раствор кој се препорачува за нега на кожа и слузокожа.

Декспантенол, активен принцип на Пантенол раствор, кој во организмот се претвора во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенската киселина во ткивата е коензимот А.

Коензим А е неопходен за метаболизмот на јагленихидрати, масти, белковини и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. Овие процеси помагаат за зачувување на правилна функција на кожата и косата.

Пантенол растворот се препорачува:

  • За нега на иритирана кожа и слузокожа
  • За нега на кожа после сончање
  • За нега на крута и тенка коса, недоволно пигментирана коса и коса без сјај
  • За нега на третирана коса со фарбање, мини вал, сушење и фенирање
  • Кај "цветање" на долга или козметички третирана коса

Пакување: 100 мл

Содржина

Состав: вода, пантенол, натриум бензоат, натриум цитрат, лимонска киселина.

Употреба: се применува неразреден или разреден со вода во однос 1:1  за испирање и облоги на кожата.

Пантенол растворот се применува разреден со вода во однос 1:5 за испирање на промените на слузокожата.

За нега на косата, пантенол растворот се употребува неразреден или разреден во однос 1:1, два пати дневно се втријува во коренот на косата.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се