SATTWA Ноќен крем со матични клетки од јаболко и маслиново масло (40+), 55 мл

SATTWA Ноќен крем со матични клетки од јаболко и маслиново масло (40+), 55 мл
571,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
019013C
favorite_border

Опис на производот

Кремите со матични клетки од јаболко и со маслиново масло SATTWA се наменети за нега на кожата по 40-та година.

Со овие креми се постигнува интензивна ревитализација на возрасната кожа, преку активирање на сопствениот систем на матични клетки во кожата.

Самиот збор матични клетки означува клетки кои имаат можност самите да се реплицираат. Затоа, матичните клетки од јаболко претставуваат уникатна компонента, која ја поттикнува регенерацијата и подмладувањето на кожата, а со тоа и заштитата од предвременото стареење на матичните клетки на кожата на човекот.

Матичните клетки од јаболко се добиени од редок вид швајцарски јаболка. Овие клетки се карактеризираат со можност за брзо реплицирање и за обновување на повредените ткива.

Матичните клетки од јаболко, освен што го активираат созадавањето на матичните клетки во кожата, тие го продолжуваат нивниот животен век, ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес и ја регенерираат оштетената клеточна ДНК.

Комбинацијата на суровините и екстрактите, кои влегуваат во составот на овие креми, се во согласност со најновите научни достигнувања од областа на козметиката против стареење (anti-age).

Комбинацијата на матичните клетки од јаболко со суровините во кремот за ноќна употреба ја хранат и ја ревитализираат кожата во текот на ноќта, овозможуваат подобар тонус и еластичност на кожата и го забавуваат процесот на нејзино стареење.

  • Протеините од ориз формираат заштитен протеински филм кој и дава на кожата влага, мекост и виталност

  • Витаминот Е ги неутрализира слободните радикали и го спречува нивното прекумерно создавање, со што се забавува процесот на стареење

  • Маслиновото масло дејствува омекнувачки и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата

  • Маслото од авокадо и шеа путерот (Butyrospermum Parkii) ја хранат и штитат кожата, правејќи ја притоа нежна и мека.

Со редовна употреба на кремите со матични клетки од јаболко и маслиново масло, на кожата и се враќа младиот изглед и свежината.

  • За подобрена ревитализација, тонус и еластичност на кожата

  • За забавување на процесот на созадавање брчки

  • За стимулација на клеточната регенерација.

Производот е дерматолошки тестиран.

Пакување: 50 мл.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се